Во Кијив е забележан пад на остатоци од руски дрон во пет квартови, три лица загинаа, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет лица се повредени, објави Градската воена управа на Кијив (KCMA), пренесува Укринформ.
Тревогата за воздушен напад траеше 5 часа и 13 минути, од 20:39 до 01:52 часот.
„Според достапните информации, три лица загинаа, меѓу кои и едно петгодишно дете. Десет други се повредени. Меѓу загинатите има татко и неговата мала ќерка. Најмладата жртва на рускиот напад има само 11 месеци“, соопшти KCMA.
Во областа Подилски, соборен дрон падна во индустриска област. Не се пријавени структурни оштетувања. Изгаснат е пожар на 20 кат од станбена зграда.
Русија синоќа ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Беа нападнати неколку украински региони.
Украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.
Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Ј. Ѓ.