Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) – во изјава за „Фронтлајн“ вели дека провладина хајка против неистомислениците не e ништо ново, ништо неочекувано.
Според него, тоа е еден центар кој е воспоставен уште од владеењето на Груевски.
– Провладините медиуми се нарекуваат “провладини” само затоа што наместо да бидат гласот на јавноста они одбираат да бидат гласот на партиската пропаганда на владеачките партии. Деновиве на критичните медиуми повторно можеме да читаме за влијанието на авторитарната власт на Орбан врз дел од македонските медиуми. Исто тема која е стара години наназад. Тоа се горе-доле истите медиуми кои патот кон ЕУ го претставија како загрозување на идентиетот на Македонците. Сега врз млади луѓе, кои бараат одговорност од институциите, ќе се обидуваат да им цртаат разни мети и обиди за дескридитација, вели Хоџиќ.
Тоа, додава тој, се медиуми кои во македонската јавност моделот на авторитарнато и антидемократско владеење на Вучиќ во Србија, со сите антизападни пораки, го претставуваат како државничко однесување.
– Она што во моментов може да биде ефект од нивната пропаганда врз младите, тоа е да ги разбудат и родителите на овие млади луѓе и нив да ги извадат на улица, како поддршка на своите деца во борбата против системот, истакна тој.
Дестан Јонузи