ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење

March 25, 2025 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.

Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување.

Тој најави и законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа. За следните контроли, дополни, жалбата нема да го одложува извршувањето, односно суспензијата ќе оди веднаш.

– Целта не е да казнуваме, туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, да ги исполнуваат. Феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, а потоа престануваат да ги исполнуваaт тие услови, истакна вицепремиерот Николоски.

Министерот прецизираше и дека контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а не во дел на квалитетот на изведување.

– За да не настане забуна, контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, потенцира Николоски.

За деталните урбанистички планови го повтори ставот дека некои општини треба да се шират, но само ако има место.

– Во некои општини ДУП-овите не поминуваат. Тоа што се случи во минатото се случи, сега сме многу внимателни, нагласи Николоски.

Tags: контролилиценциНиколоски
Next Post

Доделени новинарските награди „Никола Младенов“

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk