ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Доделени новинарските награди „Никола Младенов“

March 25, 2025 14:19
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Серијалот истражувачки стории за тендери во енергетски сектор објавени на емисијата КОД ја добија првата новинарска награда „Никола Младенов“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Како второрангирана најдобра истражувачка сторија на конкурсот се избрани серија текстови за Државна Лотарија објавени на Радио Слободна Европа од новинарот Петар Клинчарски. Третата награда ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за истражувањето „Украдени животи“.

Наградата најиновативен новинарски производ годинава ја подели тимот на ИРЛ за новинарскиот проект мобилна редакција Кичево и тимот на КОД за видео сторијата посветена на грабнувањето и убиството на малата Вања.

Наградата најдобра репортерска фотографија замина во рацете на фотографот Ѓорѓи Личовски, за фотографијата „Ловец на Метеори“.

Беа доделени и повеќе пофалници за истакнат ангажман на новинарите Мирослава Симоновска, Мери Јордановска и Антонија Јаневска, Билјана Николовска Тодорова, Александар Димитриевски, Александар Методијев и Сузана Мицева.

Годинава на конкурсот пристигнале 36 стории за најдобра истражувачка сторија, пет теми во категоријата најиновативен новинарски производ и 16 фотографии во категоријата најдобра репоретерска фотографии. Жири комисијата била во состав на Милка Смилевска, Емилија Петревска Камењарова, Синиша Станковиќ, Бесим Небиу и Билјана Петковска.

На добитниците им беше врачен сертификат и парична награда од 60.000 денари поединечно за првонаградените во сите три категории, 40.000 денари за второнаградената и 20.000 денари за третонаградената истражувачка сторија. Никола Младенов, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се сметаше за еден од најугледните новинари во Македонија, загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Македонскиот институт за медиуми одлучи во негова чест да ја именува наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, која се доделува од 2001 година, да го носи името Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.

Tags: „Никола Младенов“новинарски награди
Next Post

Фијаско на провладините медиуми: Фатени во лага, во паника бришат постови и спинуваат

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk