ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски: Активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

March 26, 2025 15:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство, рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства.

Посочи дека Протоколот преку нашите ДКП-а е доставен до здравствените установи во странство каде се згрижени пациентите и оти врз основа на проценките од медицинските тимови и официјалната потврда од МЗ се организира постапка и секој чекор во процесот на враќање, вклучително и препораката за организирање соодветен тип транспорт што го координира СОЗР.

Тој повтори дека вчера беше успешно реализирано враќањето на еден пациент од Србија, по што денеска се очекува пристигнување на уште еден пациент од Грција и четворица пациенти од Мадрид, додека во наредните денови се очекува враќање на уште неколку пациенти од Белгија, Австрија, Хрватска и Србија.

Во наредниот период, посочи, фокусот ќе биде насочен кон безбедно враќање на пациентите, како и успешно завршување на лекувањето на оние кои се уште се останати во странство.

На новинарско прашање дали се целосно покриени трошоците на пациентите и на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, имајќи ги предвид акциите за собирање средства на социјалните мрежи, тој рече дека и пациентите и нивните семејства нема да имаат никакви трошоци

-Како држава уште од почетокот рековме дека Владата преку СОЗР ќе ги покрие трошоците за патување и на семејствата на пациентите, трошоците за сместување на семејствата на пациентите, има модалитет за кој за еден мобилен уред ќе се обезбеди покривање на сите трошоци кои што настануваат и се покриваат сите дополнителни логистички трошоци кои можат да настанат, вклучително се обезбедува и храна во рамките на хотелите каде што тие се сместени и сето тоа го операционализира Службата за општи и заеднички работи, рече Муцунски.

Тој додаде дека имаат целосна координација со семејствата на пациентите за доусогласување на ситни логистички работи.

-Што се однесува до покривањето на трошоците, дел од тој трошок е покриен преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а дел од тој трошок e покриен врз основа на билатерални договори што постојат или одлуки донесени од страна на самите влади на земји кои ги примаат овие пациенти во делот на медицинските услуги. Семејствата на тие кои се лекуваат и тие што се лекуваат нема да имаат никаков трошок околу тој процес – и од медицинска гледна точка и од логистичка гледна точка. Исотвремено, ја лично ја поддржувам секоја иницијатива за донација од хумана гледна точка треба да размислиме…Наше како Влада е да поддржиме секој процес на хуманост, но истовремено јавноста да ја информираме дека во врска со медицинските и логистичките трошоци, државата стои позади овие пациенти и позади овие семејства, нагласи Муцунски.

Tags: Муцунскипациентитрагедија во Кочани
Next Post

Првпат без работниците Владата сама си одлучи за минималната плата, УПОЗ не е задоволен

НАЈНОВО

МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk