ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари

March 27, 2025 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, денеска на прес-конференција ја критикуваше Владата за зголемувањето на минималната плата за 1.800 денари, нарекувајќи ја одлуката „срамна, понижувачка и неодговорна“.

Според Костова, Владата дозволила екстремно зголемување на цените на основните производи, додека предложеното покачување на платите не е доволно за да ги покрие основните животни трошоци. Таа посочи дека потрошувачката кошница во февруари 2025 година достигнала 63.773 денари, што е за над 100 евра повеќе во споредба со истиот период минатата година.

„Како пресметаа дека 1.800 денари им се доволни на работниците? Граѓаните секојдневно се борат со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати. Две минимални плати не се доволни за основните месечни трошоци на едно семејство“, изјави Костова.

Таа ја обвини Владата за „непродуктивни трошења“ и недоволна поддршка за граѓаните.

„Додека граѓаните бираат дали да купат храна или да платат сметки, ДПМНЕ во историски најголемиот буџет не предвиде средства за работниците, но затоа има пари за луксузни трошоци. Но затоа има пари за папаја, манго, лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења на владата и нејзините функционери. За работниците остави трошки и ги остави во сиромаштија. Граѓаните да живета на воздух а владата на манго и папаја. Срамота“, нагласи таа.

Костова истакна дека, за првпат откако е воведена минималната плата, Владата донела одлука за нејзина корекција без консултации со работниците.

„СДСМ покажа дека минималната плата може и мора да се зголемува со соодветни законски решенија. Од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ ја зголемивме на 22.567 денари и сега бараме нејзино покачување на 500 евра. Ќе поднесеме закон за тоа“, најави таа, додавајќи дека партијата ќе продолжи да се залага за достоинствени плати и подобар стандард на граѓаните.

 

Tags: ВладаКристина Костоваплата
Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка од градоначалникот на Гази Баба кој бил осуден за дрога

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk