ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството

March 28, 2025 16:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
фото извор: Радио Кочани

фото извор: Радио Кочани

Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Со тоа останува решението за определување куќен притвор на Димитровски и Илиев, а Основниот суд Кочани ќе треба да одлучува повторно само за изречената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на Димитровски.

Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливост.

– Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување, се вели во решението од Апелација Штип.

Во однос на изјавената жалба против решението на Основен суд Кочани со кое на осомничениот Николчо Илиев мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Апелација Штип информира дека денеска на нејавна седница е донесено решение со кое се отфрла како недозволена.

-Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година,- СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА, стои во соопштението од Апелација Штип.

Донесените одлуки, информираат од Апелација Штип, со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.

Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 26 март годинава донесе одлука со која мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Во традгичниот пожар што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу се 200 повредени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

October 18, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk