Според последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, Берово е на високо место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементантација на системот за интегритет.
Информацијата ја соопшти беровскиот градоначалник Звонко Пекевски кој изрази задоволство што Берово е на врвот, помеѓу институциите со интегритет и без корупција.
-Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која одговорно лице, односно вработените, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција, истакна Пекевски
Истражувањето според него влијае за обезбедување на доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции
-Работата и трудот, како што додаде тој секогаш носат резултати. Продолжуваме и понатаму да работиме, во интерес на граѓаните на Општина Берово, законито, одговорно и транспарентно, подвлече Пекевски.