ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

March 28, 2025 15:06
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеца од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

-Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко. Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди” и улицата „29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место, наведува Обвинителството.

Додава и дека во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена.

Tags: ОбвинениеСообраќајкаФросина
Next Post

Костова: Владата троши 400.000 евра за анкети за рејтингот на Мицкоски, додека собира донации за жртвите од Кочани

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk