ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Протестни прошетки – “Кампања на насилство мора да престане“ низ повеќе градови во Србија

March 31, 2025 13:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Протестна прошетка „Кампањата на насилство мора да престане!“ ќе се одржи денеска во градови низ Србија во знак на поддршка на универзитетската заедница поради се почести закани, вербални и физички напади врз нејзините членови, јави дописникот на МИА од Белград. Таа акција ќе се одржи откако вчера на протест во Ниш беше нападната и повредена со нож деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ.

Протестот почнува во 19 часот во градови низ Србија и е организиран од Бунтовничкиот универзитет, Слободниот универзитет во Нови Сад, Слободниот универзитет во Ниш и Слободниот универзитет во Крагуевац.

Собирот пред Рекоторат на Студентскиот плоштад во Белград започнува во 18 часот и 45 минути. Колоната ќе се движи по неколку улици во центарот до Републичкото јавно обвинителство.

Во Нови Сад, протестната прошетка ќе започне во 19 часот од кампусот, а ќе се движи до плоштадот на Слободата.

Во Ниш ќе има протести пред зградата на Основниот суд, а во Крагуевац пред Палатата на правдата.
Проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград побара итна реакција од надлежните институции по нападот на деканката на Филозофскиот факултет во Ниш и преземање мерки што ќе обезбедат спречување на насилства врз членовите на академската заедница и граѓаните на мирните протести, бидејќи таквото насилство води „кон отворена репресија“.
Според нив, тој чин на насилство треба да се гледа во контекст на атмосфера „создадена со клевети, навреди, закани и притисок од високи јавни функционери и таблоидни медиуми“.

„Веќе предупредивме дека континуираните вербални напади во јавноста, на кои особено е изложен ректорот на нашиот универзитет, претставуваат чекор кон отворена репресија, но и создавање амбиент што практично поттикнува насилство врз студентите и професорите“, се вели во соопштението.

Проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград бара „да престане говорот на омраза, што може да доведе до трагични последици“ и бара од институциите „да преземат мерки за утврдување на одговорноста на медиумите“ и поединците кои „преку своите јавни настапи влијаат на поттикнување нетолеранција и конфликт во општеството и вршат притисок врз судството, а со тоа ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, пренесе МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk