Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина од 1,47 милијарди евра, што е најголемиот досега што земјата го испратила до Кијив, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.
Тој на прес-конференција рече дека најголемиот дел од пакетот, вреден 850 милиони евра, ќе биде наменет за набавка на воена опрема од шведската Управа за одбранбен материјал.
Владата соопшти дека Шведска годинава ќе ја зголеми помошта за Украина од претходно планираните 2,3 милијарди евра на 3,7 милијарди евра, пренесе МИА.