ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

ГОВОР НА ОМРАЗА на спортските натпревари: „Мртов шиптар, добар шиптар“; „УЧК“, свирежи и неоддавање почит за загинатите во Кочани

April 1, 2025 15:21
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на натпреварот во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу Шкендија и Брера се случи голем скандал. На натпреварот во Тетово навивачите на домашниот состав „Балисти“ не ја испочитуваа минутата молк за загинатите во пожарот во Кочани и во тие моменти урлаа, свиреја и пееја песна на УЧК.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нагласи дека е отворена дисциплинска постапка по која ќе следува и казната која ќе ја добие тетовскиот клуб поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

„Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, велат од ФФМ.

Македонскиот прволигаш Шкендија истакна дека жали за огромната трагедија во Кочани и дека клубот ја испочитува минутата молк одредена од ФФМ, но мала група од околу 20 поединци покажале неодговорно однесување, кои не биле дел од „Балистите“.

Но, недолично однесување на спортските терени немаше само во Тетово, туку и во Куманово.

Натпреварот од регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат помеѓу КК Куманово и БК Чаир 2030 заврши во тензична атмосфера, откако домашните навивачи со националистички скандирања предизвикаа сериозен инцидент, а потоа го нападнаа автобусот на гостинската екипа.

Навивачите на Куманово уште од првото полувреме почнаа да извикуваат навредливи и расистички пароли, извикувајќи „Мртов Шиптар, добар Шиптар!“. Поради овие скандали, официјалните лица на натпреварот решија да ги испразнат трибините и да ги тргнат навивачите од салата. Сепак, инцидентите не завршија тука. По натпреварот, автобусот на екипата на БК Чаир 2030 беше нападнат од неодговорни лица, кои на него ги напишаа навредливите националистички пароли кои се скандираа во салата.

По натпреварот реагираа од Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 во врска со инцидентот во Куманово.

„Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата.

Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина.

КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“ соопштија од Кошаркарскиот клуб Чаир 2030.

Управата на МКК Куманово, денеска ги осуди случувањата од вчерашниот меч и упатија јавна осуда за сите недолични однесувања во текот на вчерашната средба, воедно и испишувањето графити врз автобусот на КК Чаир. Како управа се оградуваат од вакво недолично однесување кое не е во спортскиот дух, особено од сите случувања надвор од Спортската сала.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска во соопштение информираат дека натпреварот бил прекинат, а полицајците го забележале и автобусот со пароли.

„На 30.03.2025 година при вршење на физичко обезбедување од страна на полициски службеници од СВР Куманово на кошаркарски натпревар во спортска сала на средно училиште во Куманово било забележано дека на автобус на гостинските играчи била напишана парола со навредлива содржина. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од кумановската полиција.

Кога спортот е повеќе од спорт

ФК Шкендија Арачиново, клубот кој се натпреварува во Третата лига Север, сиот приход од мечот со Пчиња, го донираа за семејствата на настраданите и повредените во ужасната трагедија во Кочани.

Од фотографиите се гледа дека на загревањето пред мечот играчите на Шкендија (А) излегле со црни маички по повод настаните во Кочани.

Клубот од Чаир, ФК Шкупи објави дека го повлече дресот со бројот 77 кој го носеше Андреј Лазаров, кој е една од жртвите во пожарот, во дискотеката во Кочани. Клубот соопшти дека „ова е мал гест кој можат да го направат во овие тешки моменти“ и дека „договорот на Андреј Лазаров ќе биде до крај исплатен на неговото семејство“.

Инаку, претходно и фудбалскиот клуб Тиквеш го повлече дресот со бројот 16, кој во минатото го носеше Лазаров во клубот од Квадарци.

Цивил дезинфо мониторинг тим (ЦДМР)

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Отворена истражна постапка против припадник на личното обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“ за лична корист од 50.000 евра

Најново

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

April 30, 2026

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk