ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба на цртежи на ученичката Јана по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

April 2, 2025 09:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 2 април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, во Младинскиот центар „Матично“ ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во четврто oдделение при ООУ „Димитар Миладинов“ oд Скопје. Изложбата што ќе биде отворена до 30 април, може да се види секој работен ден од 10 до 16 часот, информираат организаторите на настанот.

– Се разбира, најповеќе како нејзин родител, сметам дека таков настан ги истакнува воопшто уметничките тежнеења на децата во нашата земја, а конкретно, ја подигнува свеста за важноста на инклузијата и поддршка на лицата со спектар на аутизам. Со помош на поддршката на семејството, мојата Јана сака преку цртачката дарба да докаже дека и таа припаѓа на сите што ја опкружуваат и на свој начин, сака да пренесе порака за емпатија и прифаќање на таквите деца во нашето општество. На нејзинате цртежи, таа засега ги прикажува ликовите на нејзините херои, фигурите кои ги гледа во цртаните филмови, во долгометражните филмови или книгите и кои ги чувствува како нејзини пријатели. Затоа, се одлучивме ова нејзино прво ликовно претставување пред широката публика да го наречеме токму „Моите херои“, се наведува во писмената изјава на нејзината мајка Теа Иванова – Теохаревска, воедно и кураторот на изложбата.

Како што се појаснува во соопштението, помагатели на овој настан се Општина Центар, „Комерцијална банка“ АД – Скопје, „Еурофарм“ – Битола, „Стокомак“ и „Авицена“ – дијагностика.

– Taлентот на мојата внука го уочив поодамна. Иако е млад репродуктивен уметник во вистинската смисла на зборот, во одредени нејзини цртежи се забележува вметнување на формата на срцето. Јана знае очигледно што значи љубов и радосен сум што го прави тоа, наспроти мислењето дека децата со аутизам не знаат за одредени чувства… Нејзините ликови се популарните ликови на децата на нејзината возраст и не само тие, јас сум цврсто убеден дека, со текот на времето, нејзиното интересирање ќе го надмине тој свет и дека можеби на пример, пленеризмот ќе биде нејзина преокупација. Потегот на раката ѝ e извонреден, фигурите се нацртани непрекинато, во еден здив, без корекции… Затоа можеби во таа брзина го занемарува боењето, но, со време, откривањето на нови техники ќе го надополни и тоа, се наведува во писмената изјава на Јане Теохаревски, комесарот на изложбата.

Tags: изложбаСветскиот ден за подигање на свеста за аутизмотученичка
Next Post

Израел најави проширување на воената операција во Газа за заземање „големи области“ земја, наредувајќи им на жителите да ја напуштат

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk