ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ланге: „Денот на ослободувањето“ на Трамп за обичниот граѓанин е „Ден на инфлацијата“

April 3, 2025 09:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Markus Winkler/Unsplash

Markus Winkler/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Неоправданите, незаконски и непропорционални мерки можат само да доведат до понатамошна ескалација на царините и надолна економска спирала за САД и светот во целина, оцени претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на „реципрочни царини“ на увозот на стоки од ЕУ во САД.

– Претседателот Трамп може да го нарече денешниот ден – „Ден на ослободувањето“, но од гледна точка на обичниот граѓанин ова е „Ден на инфлацијата“, наведе германскиот европратеник Ланге во писмената реакција.

Според него, ваквата одлука на Трамп ќе ги принуди американските потрошувачи „да го носат најтешкиот товар во трговската војна“.

– Овие царини само ќе ги направат процесите и производството понеефикасни. Тие поттикнаа штетна несигурност во инвестициската клима. Берзите не можат да бидат појасни со своите реакции, наведе Ланге.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој најави дека ЕУ ќе одговори на ваквата одлука, преку законски, легитимни, пропорционални и решителни мерки.

– Како ЕУ ќе разгледаме кои од алатките со кои располагаме се најпогодни за нашиот одговор. Ние не отстапуваме. Ние ќе го браниме нашиот суверенитет и нема да го менуваме законодавството што го обликувавме демократски и во интерес на граѓаните на ЕУ, дури и ако тоа не им се допаѓа на некои американски милијардери. Земјите кои се цел на овие мерки мора да одговорат со обединет фронт и да испратат јасна порака до САД да стават крај на ова царинско лудило, додаде европратеникот.

Тој натаму вели дека се надева оти Американската администрација е искрено заинтересирана за ангажман со ЕУ, иако, како што додава, не е сигурен во тоа.

– Се надевам дека нашите аргументи и цврстината на нашиот одговор ќе обезбедат доволно стимулации за да ги доведат САД на преговарачка маса. Вратата на ЕУ секогаш ќе остане отворена за изнаоѓање решение, додава Ланге.

Трамп доцна синоќа објави воведување, како што ги нарече, „реципрочни тарифи“ во висина од 20 отсто за стоките произведени во ЕУ што се увезуваат во САД. Новите царини беа објавени веднаш по затворањето на Њујоршката берза, во текот на, како што го нарече Трамп, „Денот на ослободувањето“.

Tags: инфлацијаЛангеТрамп
Next Post

Фон дер Лаjен: Европа е обединета против американските трговски мерки

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk