ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Повик за полагање приемен испит на учениците заинтересирани за Математичко-информатичката гимназија

April 3, 2025 09:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука објави повик за полагање приемен испит на учениците кои се заинтересирани за запишување во Математичко-информатичката гимназија-Скопје (МИГ) во учебната 2025/2026 година.

Приемниот испит се состои од полагање тестови согласно наставните програми по Математика од VI до IX одделение и наставните програми по Физика за VIII и IX одделение.

На 4 јуни ќе биде испитот по Математика, а на 9 јуни по Физика. Испитите ќе се полагаат од 10 часот во просториите на средното училиште „Здравко Цветковски“, во времетраење од по 120 минути.

-Кандидатот/кандидатката писмено се проверува со два поединечни теста по математика и по физика и секој од нив треба да содржи по четири задачи со понудени одговори, четири задачи со дополнување и четири задачи со целосна постапка на решавање, се наведува во објавениот повик.

Заинтересираните ученици треба да пратат Писмо на интерес (кое е достапно за преземање во објавениот повик на веб-страницата на МОН) најдоцна до 30 мај 2025. Во повикот се наведени повеќе информации за начинот на пријавување.

Во Математичко-информатичката гимназија-Скопје може да се запишат редовни ученици кои основното образование го завршиле со оценка за општ успех од најмалку 4,5, од шесто до деветто одделение, и со оцена 5 по наставните предмети Математика од шесто до деветто одделение и Физика од осмо и деветто одделение и кои ќе достават потврда со бројот на освоени бодови од приемниот испит.

Според Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година, за упис во прва година во Математичко-информатичката гимназија се предвидени 68 ученици во две паралелки – по 34 во паралелка со настава на македонски јазик и во паралелка со настава на албански јазик.

Next Post

За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар ќе одиграат македонските и бугарските фудбалски легенди

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk