ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вјоса Османи и стопанската комора бараат од владата суспендирање на царината за американски стоки; Рама вели годинава ќе ги отворат сите поглавја за преговорите за ЕУ; Албанија се простува од националната икона на кинематографијата Маргарита Џепа

April 4, 2025 14:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Османи веднаш побара од Владата суспендирање на царината за американските производи, сметајќи го тоа како важен чекор за продлабочување на односите со најблискиот сојузник на Косово и за испраќање јасна порака за посветеноста на Косово за поцврсти односи со САД. На повикот се приклучи и Стопанската комора на Косово, јавуваат косовските медиуми.

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Албанија има шанса да ги отвори сите групни поглавја од преговорите со Европската унија во текот на годината, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот

КОСОВО

Радио Косова е лире: Претседателството и Владата на Косово неусогласени околу суспендирање на царините за американски производи

Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да воведе царина од 10 отсто за Косово, предизвика жесток судир меѓу претседателката на Косово, Вјоса Османи и владата. Претседателката Османи веднаш побара од Владата суспендирање на царината за американските производи, сметајќи го тоа како важен чекор за продлабочување на односите со најблискиот сојузник на Косово и за испраќање јасна порака за посветеноста на Косово за поцврсти односи со САД.

Актуелниот министер за финансии, Хекуран Мурати, и возврати на Османи, нагласувајќи дека  Владата го испитува случајот и дека соодветно ќе ја информира јавноста секогаш кога ќе се донесе одлука.

На ова остро реагираше советникот за медиуми на претседателката, Беким Купина. Тој го критикуваше Мурат за неговата неусогласеност со уставните и стратешките концепти на надворешната политика, нарекувајќи го министерот како „човек кој се уште не разбрал дека водењето на државата е работа 24/7“ и дека „дефинициите за надворешната политика ги одредува институцијата Претседател“, пренесе Радио Косова е лире.

Газета експрес: Стопанската комора на Косово повика на укинување на царините кон САД: Тоа ќе отвори нови можности за економски развој

Косовската влада е повикана да ги отстрани тарифите што беа воведени за американски стоки откако администрацијата на Трамп воведе царина од 10 отсто за косовски стоки што одат во САД.

На овие повици им се приклучи и Стопанската комора на Косово, која соопшти дека „силно го поддржува“ повикот на претседателката Вјоса Османи до Владата на Косово за укинување на царинските тарифи за американските стоки, пренесе Газета експрес.

Еуроњуз: Трамп бара земји за испраќање на депортираните од САД, меѓу кои и Косово

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја разгледува можноста за постигнување договори со неколку држави за прифаќање на имигрантите депортирани од САД.

Како што пренесува „Волстрит журнал“, Косово е меѓу земјите од кои Трамп побарал да примат депортирани.

„Американската администрација се надева дека овие држави ќе се согласат, можеби во замена за финансиски договори или политички придобивки. Меѓу државите од кои САД побараа да прифатат депортирани имигранти се Либија, Руанда, Бенин, Есватини, Молдавија, Монголија и Косово“, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот, пренесе Еуроњуз.

АЛБАНИЈА

Коха јоне – Рама: Оваа година имаме добра шанса да ги отвориме сите групни поглавја на преговори

Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Албанија има шанса да ги отвори сите групни поглавја од преговорите со Европската унија во текот на годината. Понатаму, Рама додаде дека е првпат ѕвездите на Албанија да се на иста линија со оние на ЕУ.

„Првпат нашите ѕвезди се усогласуваат со ѕвездите на ЕУ, и за иднината и перспективата, но и за сегашноста. ЕУ беше внимателна да каже дека нашата земја е во Европа, дека хоризонтот е местото каде што ќе се приклучиме, но никогаш не сме се чувствувале подготвени да го направиме ова реалност сега. луѓе, дали вратата е отворена, пренесе Коха јоне.

Топ чанел: Албанија се простува со иконата на албанската кинематографија, Маргарита Џепа

Вчера почина иконата на албанската кинематографија, Маргарита Џепа ,неколку часа по нејзиниот 91 роденден, пренесе Топ Чанел.

Телото на големата актерка пристигна во Народниот театар за опера и балет, каде граѓаните ќе можат да и оддадат почит.

Маргарита Џепа е родена на 2 април 1934 година во градот Лушња. Зад себе остави стотина улоги, за кои ја доби титулата „Чест на нацијата“ и одликувањето „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“. Сепак, трите деца што ги остави зад себе ги сметаше за најголема гордост во животот, од кои едното, Ндричим Џепа, тргна по стапките на актерката, подеднакво се истакнува на албанската уметничка сцена.

КОЛУМНА

Коха: Невозможната мисија на Соренсен

„Денес, во 2025 година, не постои ниту еден од потребните предуслови за унапредување на дијалогот. Во надворешна смисла, имаме Вашингтон кој е тотално незаинтересиран за нашиот регион и кој го гледа трансатлантскиот сојуз како товар што мора да се отстрани, а не како предност што мора да се зачува.

Во ЕУ, војната во Украина го оддалечи вниманието од нашиот регион, додека подемот на екстремната десница ги направи традиционалните демократски политичари повнимателни за унапредување на агендата за проширување. Во меѓувреме, како што минува секој ден, во европските канцеларии има се помалку време, внимание и енергија за теми како што е дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Така што, во споредба со 2020 година, во 2025 година не постои ниту еден од потребните предуслови за унапредување на дијалогот. Сега единствена надеж останува Соренсен. И иако велат дека надежта не е стратегија, Соренсен иронично може да се радува на оваа тешка ситуација во која се наоѓа во 2025 година. Во случај на неуспех, вината нема да биде негова. Се беше против него во 2025. А во случај на невозможно сценарио за успех, заслугата ќе биде само негова“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Невозможната мисија на Соренсен“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post
Фото: МИА

Тошковски на дипломатскиот брифинг „Пријателите на МАРРИ“: Миграцијата е комплексен, повеќедимензионален и брзо-менувачки феномен

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk