ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кешишев: Кажав сè бидејќи имам грижа на совест поради тоа што го видов

April 4, 2025 15:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев денеска беше детално испрашуван од обвинетиот Љупчо Палевски, кој постави над 90 прашања. Испитувањето опфати прашања за закани, уцени, како и хронолошка усогласеност со видео-снимките презентирани од Обвинителството.

Кешишев негираше какви било закани или уцени кон него, членови на „Десна“ или посетители, од страна на Палчо, посочувајќи дека тој секогаш давал совети.

Тој одговори на повеќе прашања за доказите, вклучувајќи го и синиот ранец, за кој рече: „Се гледа на сите снимки, не можам да го побијам тоа.“

Прашан зошто на прашањата дали знае каде се пиштолот и моторолите, тој одговорал во врска со син ранец, а не со пиштол, одговори: – Претпоставувам дека во ранецот е пиштолот. Да беше некаде во него, ќе се познаеше. Ако имаше пиштол до тебе, секако ќе се познаеше преку блузата, рече Кешишев.

Во однос на настаните во Демир Капија, беше споменато дека најголем иницијатор за одењето бил Велимир, кој тврдел дека таму има злато.

Прашан дали временската рамка на одењето и враќањето во Демир Капија одговара со снимките прикажани од ОЈО, Кешишев одговори потврдно. Во однос на мотролите, рече дека смета оти Палевски ги нарачал преку фејсбук, и негираше нивна достава до штабот во Кисела Вода.

Палевски го испитуваше Кешишев по однос на повеќе снимки и тоа дека не соодветствуваат со времето на настаните, при што Кешишев рече дека немал во него часовник или телефон и немал претстава за времето.

Кешишев сведочеше дека дупката каде што била закопана Вања била копана пред да се слушне истрелот. Тој изјави дека не слушнал глас од убиеното дете бидејќи бил на растојание од 20 метри. Не видел разговор помеѓу обвинетиот и детето, туку само како стои над отворениот багажник.

Во врска со тоа што се зборувало околу убиството, тој одговори дека не слушнал спомнување на „Фершпед“, „А1“ или „стан во Охрид“. За локацијата на настанот, Кешишев изјави дека тој ги упатил полицајците до местото Бразда.

Одговарајќи на прашања на Палевски, Кешишев потврди дека бил тепан во полиција и затвор. -Да, тепан сум, два пати ме носеа во болница, рече тој. Прашан „Што бараше од вас полицијата, зошто ве тепаше“? -Во затворот ништо не бараше, само ме тепаа, и кога ме приведоа, таму со началникот, кога дојде он прекинаа со тоа и почна со мене да разговара на тивок начин и ме замоли да кажам сѐ, и јас му реков бидејќи имам грижа на совеста поради тоа што го видов за детето ќе си кажам сѐ и со ќутек и без. Ќотекот продолжи во Шутка, рече Кешишев.

На прашања од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, Кешишев негираше дека заедно со Манев ја копале дупката за Вања.

Прашан имајќи предвид дека трагите од лопатата не соодветствуваат со трагите од местото на настанот, дали тоа значи дека МВР не ја прибавило конкретната лопата, тој одговори дека полицијата ја земала лопатата пред него, а имало и друга лопата која не знае кој ја земал.

Во однос на времето за убиството на Панче, одговори дека не го знае. На прашањето зошто по убиството на Панче, не се повлекол и покајал и продолжил да учествува и во другото убиство, рече дека не можел бидејќи, како што рече „премногу имав слушнато, и уште првиот пат кога ми кажа Вељо дека никој не смее да знае за ова, го земав здраво за готово“.

Прашан дали семејниот човек кој беше споменат, како што рече Страшевски, „не се обиде да открие кој е, и дали тој човек, бидејќи вие сте цело време во партија, дојде кај вас и од партија го подигна фантомскиот ранец кој е многу важен за постапката, а се крие и ранецот и семејниот човек“, Кешишев одговори „Никој не дошол да земе ранец, барем не пред мене“.

Расправата ќе продолжи во понеделник со прашања од Судот, а потоа со сведочење на обвинетиот Александар Ѓорчевски по кој е предвидено да сведочи и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Tags: двојно убиствосудење
Next Post

Таравари: Карадакоски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта и големата површина на изгореници

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk