ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руте: Нема да ги коментирам американските царини, со нив не се крши Членот 2 од Договорот за НАТО

April 4, 2025 14:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел, одби да го коментира воведувањето на царини за увозот во САД на стоки од странство, вклучително и од земји сојузнички, потенцирајќи дека министерската средба била целосно фокусирана на одржување на безбедноста на територијата на Алијансата од руската закана.

– Јас сум целосно фокусиран на одбраната на територијата на НАТО и затоа нема да коментирам други прашања освен оние кои се директно поврзани со одбраната, истакна Руте, во одговор на прашање за можната „трговската војна“ меѓу сојузниците од Алијансата поврзана со воведувањето на американските царини и одговорот на ЕУ на нив.

Руте додаде дека не смета оти американските царини претставуваат кршење на Членот 2 од Основачкиот договор за НАТО, потенцирајќи дека и во минатото имало воведување на вакви трговски мерки и конфликти и спорови околу царините меѓу сојузниците и дека тие не влијаеле на способноста на земјите членки да ги почитуваа своите обврски поврзани со одбраната.

Членот 2 од Основачкиот договор за НАТО одредува дека членките на Алијансата треба да настојуваат да ги „отстранат противречностите во нивните меѓународни економски политики и да промовираат економска соработка“.

На прашање како може да тврди дека царините и одбраната не се поврзани, кога многу европски земји посочуваат дека средствата кои би можеле да ги користат за одбранбени трошоци, сега ќе мора да ги пренаменат за покривање на инфлацијата што ќе ја предизвикаат американските мерки, Руте одговори дека политиката е прашање на одлуки и дека секогаш ќе има дебати за тоа како и каде да се трошат парите.

– Секогаш може да се соочите со тоа дека парите кои ги очекувате ги нема, поради инфлација, поради тоа што БДП не расте како што се очекувало…, но тоа е прашање што треба да го решаваат националната политика и политичари и тие го прават тоа. Не сметам дека би можел да помогнам со коментирање на нешто што не е дел од политиката на Алијансата, рече Руте.

Tags: ЕУРутеСАДцарини
Next Post

Ризвановиќ: Поставувањето на нов политички стандард преку дијалог околу реформската агенда е позитивен сигнал

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk