ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ризвановиќ: Поставувањето на нов политички стандард преку дијалог околу реформската агенда е позитивен сигнал

April 4, 2025 15:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ подаде рака до сите партии за системски, темелни реформи во државата. Ииницијативата предложена од СДСМ и од претседателот Венко Филипче е во насока на воспоставување на нов концепт за политички дијалог.

– Иницијативата е еден чесен пристап кон нашите граѓани, носење на одговорност во однос на сите реформи кои треба да бидат направени. СДСМ подаде рака до сите политички партии со јасен, концепт по однос на спроведување на системски, темелни реформи, кои се однесуваат на образованието, здравството, правосудството на животната средина, сè она што нашите граѓани го очекуваат, изјавија од партијата.

Новинарот и политички аналитичар Сеад Ризвановиќ смета дека поставувањето на нов политички стандард преку дијалог околу реформската агенда е позитивен сигнал, особено во контекст на една демократска транзиција каква што ја минува Северна Македонија.

Но, додава тој, клучното прашање е навистина суштинско: дали таков дијалог може да функционира во реалноста на силно поларизирана политичка и општествена елита?

– Во едно општество каде што политичките субјекти често функционираат на база на конфронтација, а не соработка, дијалогот тешко се одржува како суштинска и континуирана вредност. Главните пречки може да бидат во недовербата меѓу партиите, особено по години обвинувања за корупција, изборни нерегуларности и клиентелизам. Партизација на институциите, што го отежнува воспоставувањето на независни тела кои би можеле да ја водат реформската агенда. Ниска култура на компромис, што често го претвора секој обид за дијалог во натпревар за политички поени. Сепак, ако постои внатрешен притисок од јавноста и надворешен од меѓународните партнери како ЕУ, тогаш можеби има шанса за краткорочен консензус околу најкритичните прашања – судските реформи, изборниот модел, економските мерки. Дијалогот сам по себе не е магично решение, но е неопходен прв чекор. Прашањето не е само дали тој ќе функционира, туку дали политичките елити се подготвени да платат политичка цена за долгорочна добивка, изјави Ризвановиќ за Фронтлајн.

По иницијатива на претседателот на СДСМ, Венко Филипче се одржа прва средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, на која беше разгледан предлогот за нов модел на политичка соработка насочена кон решавање на клучните прашања од интерес на граѓаните, што претседателот на СДСМ го презентираше вчера.

– Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот. Јасно е дека до него стигна пораката, барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери коишто се битни за подобрување на квалитетот на нашето живеење, изјави Филипче по средбата.

На средбата начелно беше договорено формирање заеднички тела или работни групи кои ќе работат на спроведувањето на реформската агенда, потенцираше Филипче. Првичниот фокус ќе биде на законите поврзани со правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, кои треба да стигнат во Собранието.

– Во следниот период ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката, кои ќе се вклучат во изработката на овие законски решенија, нагласи Филипче, додавајќи дека ова е почеток на еден процес во кој ќе треба да се разработи методологијата на соработка.

Претседателот на СДСМ истакна дека во иднина очекува и другите политички партии да се приклучат на овој модел на соработка, потенцирајќи дека „мора да испратиме порака на обединување за доброто на државата“.

На средбата, Филипче и Мицкоски разговараа и за уставните измени поврзани со евроинтеграциите, каде што, според Филипче, постојат различни позиции.

„За ова останува да зборуваме понатаму“, рече тој.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИЕУПолитички диалогСДСМСеад РизвановиќСобраниеуставни измени
Next Post
Дехран Муратов, ЦИВИЛ Фото: Фронтлајн

„Системот“ и контроверзните бодигарди на Мицкоски, говор на омраза и дезинформации

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk