ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го користи законот за време на војна за да депортира мигранти

April 8, 2025 09:48
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Доналд Трамп може да депортира наводни странски членови на картел врз основа на контроверзниот воен закон од 18 век, одлучи Врховниот суд на САД.

Тужителите биле приведени во Тексас и затоа требало да поднесат тужба таму, а не во Вашингтон, одлучија судиите.

Врховниот суд на тој начин ја поништи одлуката на федералниот судија Џејмс Боасберг, кој пресуди дека „Законот за странски непријатели“ од 1798 година не обезбедува соодветна правна основа за депортации на осомничени членови на банда и нареди нивно суспендирање.

Врховниот суд, кој пресуди 5 спрема 4 во корист на укинување на наредбата на Боазберг, истакна дека „правата на затворениците против краткорочно отстранување, сепак, во моментов не се спорни“ и дека „притворениците имаат право на известување и можност да бидат сослушани „соодветно на природата на случајот“.

Според американските медиуми, пресудата ја остава отворена можноста мигрантите повторно да го поднесат својот случај во Тексас.

– Несогласувањето на Судот со неистомислениците не е околу тоа дали приведените добиваат судска проверка на нивните трансфери – сите девет членови на Судот се согласуваат дека судската ревизија е достапна. Единственото прашање е каде треба да се случи тоа судско преразгледување, рече судијата Брет Кавано во своето мислење.

Во март, САД депортираа повеќе од 200 наводни членови на криминалната група Трен де Арагуа во Ел Салвадор, повикувајќи се на Законот за странски непријатели – кој последен пат беше користен за време на Втората светска војна – тврдејќи дека бандата води „нередовна војна“ против САД под раководство на авторитарниот лидер на Венецуела Николас Мадуро.

Законот му дозволува на претседателот да ги заобиколи нормалните процедури за имиграција за приведување или депортирање на странски државјани од непријателски нации, но обично бара САД да бидат во војна или да се соочат со „инвазија или предаторски напад“.

Администрацијата на Трамп ја поздрави пресудата на Врховниот суд, а Трамп ја нарече „одличен ден за правда во Америка“ на социјалните мрежи.

Tags: време на војнаВрховен суддепортиразаконмигрантиСАДТрамп
Next Post
Украинската државна служба за вонредни состојби гасне пожар предизвикан од руски напад врз Днепропетровската област на 8 април 2025 година. Фото: Државна служба за итни случаи / Телеграм

Тројца загинати, 19 повредени во руските напади врз Украина во изминатиот ден

EVN

НАЈНОВО

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

January 27, 2026

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk