ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во воведување на царините

April 10, 2025 09:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Таа натаму во пораката го повторува досега повеќепати искажаниот став на ЕУ дека царините се даноци, кои само им нанесуваат штети на бизнисите и на потрошувачите.

– Затоа постојано се залагав за договор за „нула за нула“ царини меѓу Европската Унија и САД. Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне трговија без тензии и во заемна корист, потенцира претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен додаде и дека Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на своите трговски партнерства, ангажирајќи се со земји кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и ја споделуваат европската посветеност за слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи.

– Конечно, ја засилуваме нашата работа за укинување на бариерите на нашиот единствен пазар. Оваа криза јасно покажа едно: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост. Јас и мојот тим ќе продолжиме да работиме дење и ноќе за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза, истакна Фон дер Лајен во објавата.

Ваквиот развој на настаните следи откако земјите членки на ЕУ вчера донесоа одлука за воведување царини во висина од 10 до 25 проценти за увозот во Унијата на низа производи од САД, вклучувајќи и тутун, мотоцикли, живина, челик и алуминиум, како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто.

Иако претходно, се закануваше дека САД ќе ги прекинат трговските врски со ЕУ, доколку Брисел возврати на американските царини, Трамп сепак, вчера ненадејно реши „да го паузира“ воведувањето на некои од царините за период од 90 дена.

– Одобрив пауза од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период, информира Трамп, додавајќи дека оваа одлука не важи за Кина за чиј увоз најави и дополнителни царини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk