ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Посебен режим на сообраќај околу бул. Илинден поради „Авицена женска трка“

April 13, 2025 08:30
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје.

Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од бул.„Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта – фонтана Лотус.

-Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Апелираме до сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, соопшти СВР Скопје.

Фото: Сојуз на спортови на Скопје

Стартот на трката е предвиден за 10 часот кај фонтаната Лотус и е планирано да трае до 11 часот.

Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје.

-Стартот на кружната трка во должина од три километри ќе биде во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 9:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Досега се пријавени приближно 3000 учеснички во трката, а има вкупно девет старосни категории, соопшти организаторот на трката.

По истрчаните три километри ќе бидат прогласени најдобрите учеснички, по што ќе следува доделување подароци на добитничките, обезбедени од партнерите на трката. За времетраењето на трката, од 9 до 11 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на бул. „Илинден“.

– Оваа трка веќе тринаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил … Со категории за сите возрасти и вредни награди, оваа трка е повеќе од спортски настан, таа претставува симбол на женска сила, мотивација и поддршка. Минатогодишниот успех на „Авицена женска трка“ донесе рекорден број на женски учеснички на Виз Ер Скопскиот маратон – дури 52 отсто од сите учесници беа жени, информира организаторот.

Next Post

Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за опрема и обука на украинска бригада

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk