ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кос: Албанија е успешна приказна на процесот на проширување на ЕУ, целта е членство во 2030 година

April 14, 2025 21:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на нов Кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа отворени преговорите по Кластерот 2 „Внатрешен пазар“.

– Албанија е навистина успешна приказна за нашиот процес на проширување. Денеска направивме уште еден чекор кон членството на Албанија во ЕУ, но проширувањето за мене е повеќе од само додавање на уште една земја во ЕУ. Tоа е обединување на Европа, истакна Кос на заедничката прес-конференција во Луксембург со албанскиот премиер Еди Рама и полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Кос додаде дека за успехот на Албанија заслуги имаат и големиот број државни службеници во земјата кои секојдневно напорно работат на процесот на проширување, на постигнувањето резултати и на исполнување на задачите.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарката изрази надеж дека во текот на оваа година Албанија ќе ги започне преговорите и по преостанатите три кластери и веќе од следната година ќе започнеме со нивно затворање.

Според Кос, во денешно време кога царините и протекционизмот се враќаат во многу делови од светот, со отворањето на Кластерот 2 започнува уривањето на бариерите за трговијата и за компаниите од Албанија, на кои ќе им се овозможи да ги почувствуваат придобивките од единствениот европски пазар уште во текот на пристапниот процес.

– Полноправното членство на крајот ќе ги овозможи сите придобивки. Нашата цел и тоа да се постигне уште во мандатот на оваа Комисија, во 2030 година, додаде Кос.

Таа сепак потенцира дека за остварување на таа цел Албанија мора да продолжи со реформите во клучните области, како што се независноста на судството, борба против корупцијата, почитувањето на малцинските прашања и слободата на изразување.

Според неа, огромната поддршка на жителите на Албанија за членство во ЕУ од над 90 отсто, треба да се искористи за вклучување на сите сектори од општеството за остварување на целта за пристапување кон Унијата.

– Мојата порака до граѓаните на Албанија е јасна. Иднината на Албанија сигурно е во ЕУ и нема сомнеж во тоа. Денеска сме поблиску до постигнување на таа цел и да забележиме дека со вашиот успех може да му покажете на целиот Западен Балкан, но и на поширокиот регион дека со напорна работа и одлучност може се да се направи, чекор по чекор, додаде Кос.

Рама, пак, нагласи дека за Албанија членството во ЕУ е многу повеќе од политичка или економска амбиција, туку е егзистенцијален избор од место во кое со векови и генерации луѓето никогаш не смееле да бираат, до иднина во Унијата кон која Албанците отсекогаш копнееле да се придружат.

– Ние многу добро знаеме и научивме дека нашата индивидуална слобода, еднаквост пред законот и начинот на живот што го сакаме за нашите деца и за нашите идни генерации не може да биде гарантиран на ниту едно друго место, освен во рамките на Европската Унија, рече Рама.

Тој потсети дека пред шест месеци Албанија го отвори Кластерот 1 од преговорите „Основни вредности“, потоа следуваше Кластерот 6 „Надворешни односи“, а денеска го отвора и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“.

– Со нетрпение очекуваме заедно да се увериме дека до 2027 година сите кластери не само што ќе бидат отворени, туку и затворени. Тоа е навистина супер амбициозно, но ние сме овде денеска да ја потврдиме нашата силна волја, нашата цврстина и нашата целосна посветеност да ја постигнеме таа цел, нагласи албанскиот премиер.

Рама за ваквиот напредок на Албанија изрази благодарност до Полското претседателство со ЕУ, поради, како што рече, неговото цврсто лидерство и непоколеблива посветеност за унапредување на пристапниот процес.

– Апсолутно подеднакво сме им благодарни на сите земји членки за нивната поддршка за да се случи ова толку непречено, што ни изгледа навистина фасцинантно, рече Рама, изразувајќи благодарност и до Европската комисија, а посебно до Кос за нејзините напори да ја турка земјата кон амбициозна реформска агенда.

Сикорски, од своја страна, нагласи дека во актуелната политичка ситуација, проширувањето останува еден од приоритетите во политичката агенда на Полското претседателство со ЕУ, кое поддржува проширување засновано на заслуги.

– Целта на Полското претседателство е да се постигне севкупен напредок во процесот на проширување и во правец на Исток и во однос на Западниот Балкан. Амбициозните политики за проширување се нешто на што неуморно работевме од почетокот на Претседателството, заедно со Европската комисија, додаде Сикорски.

Осврнувајќи се отворањето на кластерот „Внатрешен пазар“, Сикорски потенцира дека реформите што ќе бидат спроведени во клучните стопански области ќе доведат до поголема економска компатибилност на Албанија со ЕУ, ќе ги зголемат трговските можности на земјата и ќе ја направат поатрактивна за инвестиции.

– На Албанија гледам како на сигурен партнер во полето на безбедноста, како на НАТО сојузник и поддржувач на Украина. Посебно им честитам на граѓаните на Албанија, бидејќи денешната Конференција е многу важен чекор кон интеграцијата на Албанија во ЕУ. ЕУ значи добра, сигурна и просперитетна иднина која ние во Полска ја доживуваме од 2004 година, а оние кои ја напуштија Унијата веќе жалат поради тоа, потенцира Сикорски, додавајќи дека спроведувањето на неопходните реформи за зачленување во ЕУ не е лесно, но дека сите вложени напори вредат кога ќе се оствари целта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлбанијаЕУКос

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

June 2, 2025

Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

June 2, 2025
Генерирано со ВИ

На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk