Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Со 11 автобуси од Македонија околу 500 луѓе заминале на митингот на Вучиќ во Србија.
Новинари од Србија кога ги прашаа зошто се дојдени велат – да ја поддржат Србија и Вучиќ. На прашањето од новинарот – Зошто не отишле во Нови Пазар каде митинг имаа студентите и граѓаните на Србија на кои им е доста од диктатурата на Вучиќ и нефункционалноста на заробената држава, македонската државјанка избега без одговор.
Друг настан кој сам се наметна како паралела на ова, е маршот во четвртокот во Скопје на кој повика граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.
Граѓанската иницијатива на серијата јавни собири изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите. На маршот за правда и одговорност во четвртокот во Скопје имаше околу 500 луѓе.
ВО ЕДНО: Премиерот на Нашата земја, тие што протестираат за правда и одговорност ги нарече, полноглавци и глодари. Неговите медиумски вазали и ботови се надоврзаа со уште посочни навреди: некрофили, лешинари… И, за жал, народот таа пропаганда слепо ја голта.
До каде ни дофрла умот и колку тоа е разочарувачки. Што треба тука да се додаде или одземе повеќе?
Ќе го цитирам мојот драг пријател Ацо Лукароски: „Народ што ги сака Мицкоски, Трамп, Путин, Вучиќ и Обран ич не мора да се грижи за својата иднинина. Пошто иднина за таков народ НЕМА“.