Три лица загинаа, а 30 се повредени во Днипро во напад на руски дронови доцна на 16 април, објави Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа.
„Русите убија млада девојка во Днипро“, изјави гувернерот на Днипропетровската област Серхиј Лисак, додавајќи дека во рускиот напад била убиена и една постара жена.
„Ранетите се лекуваат во болниците низ градот“, изјави градоначалникот на Днипро, Борис Филатов.
Вкупно пет деца, меѓу кои деветмесечно, шестгодишно и 11-годишно дете се повредени во нападот. Во нападот загина и едно дете.
16 пациенти моментално се под медицински надзор во болница, а едно лице е во тешка состојба.
Неколку пожари го зафатија градот, домови, образовни институции, културни објекти, а автомобили се оштетени во рускиот напад, додаде Лисак.
Беспилотно летало Шахед за малку ќе го погодеше градското собрание на Днипро, рече Филатов во објава на Телеграм.
Русија ги засили нападите со беспилотни летала и ракети во својата војна против Украина. Русија го нападна Суми во смртоносниот напад на 13 април, при што загинаа најмалку 34, а 117 лица беа повредени. Европските лидери го осудија нападот на Цветници, опишувајќи го како ужасен и „срцепарателен“.
М. Д. / Цивил Медиа