Алијансата за Албанците на Арбен Таравари ги запали моторите за локалните избори кои се очекуваат да се одржат во октомври годинава.
Покрај најавата за отворање на партиските штабови следниот месец, партијата на Таравари веќе започна и консултации за потенцијалните кандидати со кои ќе се натпреварува и ќе ја бара довербата од граѓаните.
Извори блиски до оваа партија за Фронтлајн откриваат дека во моментов се водат интензивни консултации со поединци, здруженија и бизнисмени за кандидатот за градоначалник на Тетово.
На средбите со овие групи, како што пренесува нашиот извор, се бараат имиња за нешто подобро за Тетово, како лекари и други влијателни личности.
– Се уште е рано да се откриваат имиња, но тој момент ќе дојде наскоро, додека засега интензивно се разговара со многу различни групи и поединци, објаснува нашиот извор од партијата на Таравари.
Потсетуваме дека Таравари веќе го назначи кандидатот со кој ќе се натпреварува во градот Гостивар и општина Врапчишта, тоа се Валбон Лимани и Исен Шабани.
Одвојувањето од ВЛЕН аналитичарите не го гледаат како казна, туку предност, доколку се спроведе идејата на Таравари да излезе на избори со докажани и популарни кандидати и за општински советници и за градоначалник.
– Со овие постапки, Таравари се чини дека е далеку пред другите партии во албанскиот политички табор, велат аналитичарите со кои контактиравме.
Д. Ј.