ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

СКРМ: Вработените во културата останаа со едно големо “ништо” за Велигден

April 18, 2025 13:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Синдикатотт на културата соопшти дека овој месец, пред велигденски, вработените останаа без плата.

Како што соопштија СКРМ  секој март од 2021 па наваму, кога се корегира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура вработените во културата се соочуваат со проблеми.

„За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок. Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска, потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права“, велат од СКРМ додавајќи дека преспетките за плата што институциите ги направија според законите и колективните договори, не беа прифаќани од Министерството за култура и беа враќани назад.

„Следејќи го развојот на настаните и опасноста вработените во културата да останат без она што законски им следува, СКРМ најави протест за 11ти април. Веднаш по најавата, на 10ти април стигна известување од Министерството за култура дека платите ќе се прават според законите и колективните договори, и пресметките на институциите беа прифатени.

Поради тоа, во духот на социјален дијалог СКРМ го откажа, односно го „замрзна“ најавениот протест на неопределено време.

Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше.

Нема никакво официјално образложение зошто, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми. Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“.

Според овој исход, како и според одлуките донесени на состанокот на Советот на СКРМ на 8 април, СКРМ најавува протестен Совет во проширен состав на 22 април 2025, Вторник, во 12 часот пред Министерството за култура.

Понатаму СКРМ ќе го реализира следново:

– Доколку се случи неоснована преправка на платите, СКРМ ќе поднесе кривични пријави до директорите за непочитување на колективните договори и законите, иако во конкретноиот случај се најмалку виновни, но се највеќе одговорни;

– Членството на СКРМ ќе поднесе индивидуални тужби до институциите за неисплата на платите согласно Колективните договори;

– Членството на СКРМ ќе поднесе индивидуални тужби до институциите за парично побарување за )задоцнето исплаќање на платите за изминатите 3 години, кое според Колективниот договор за култура е 10ти во месецот;

– СКРМ ќе ги информира странските амбасади и претставништва, особено на Европската Унија и на САД, за кршење на загарантираните уставни и работнички права во Република Македонија;

– СКРМ уште веднаш ќе се обрати до сродните синдикати од Европа и САД и ќе побара нивно инволвирање во процесите на кршење на правата на вработените во културата.

За понатамошните чекори СКРМ дополнително ќе одлучува во зависност од ситуациите и транспарентно ќе ги објави.

Од целата ситуација членството на СКРМ е највеќе разочарано од својот поранешен член Зоран Љутков , кој од позиција на член активно ја поддржуваше политиката на СКРМ за почитување на Колективните договори, но кој од позиција на министер стана вистинскиот трагичар во културата.

Неговиот мандат ќе биде запаметен како сузбивач на правата на вработените во културата. Нека му служи на чест“,  се вели во соопштението на Совет на СКРМ.

Next Post
AI Generated Image

Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола

Најново

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk