Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
На греовите на државата човекот би требало да пристапи како кон раните на сопствениот татко, со побожна стравопочит и понизна грижливост. Таа мудра пристрасност не учи со ужас да гледаме на оние деца на својата земја кои се спремни непромислено да го распарчат својот стар родител и да го фрлат во волшебниковиот котел надевајќи се дека тој со своите отровни тревки и волшепства ќе го врати татковото здравје и ќе го обнови неговиот живот.
Едмунд Берк, ирски државник, писател, оратор и политички филозоф од осумнаесеттиот век не можел да претпостави дека во 21 век во една мала државичка ќе се јават деца кои ја распарчуваат својата мајка и ја разнесуваат нејзината утроба, не со надеж дека во котелот на своите илузии ќе се оправи со помош на отровните тревки на митот за децата, туку дека, конечно, ќе се дематеријализира и десубјективизира така што тие ќе ја остварат својата историска мисија и ќе добијат валиден сертификат дека Македонија е мртва.
Нормално дека нормалните на тој масакр гледаат со берковски ужас.
Земете ја веста дека новата власт во Германија е за прием на земјите од Западниот Балкан на купче, со тоа што бантустаните би останале без право на глас и без претставници во раководните структури на Унијата и на Европскиот парламент. Значи, Берлин е за прием на балканските државички во Втората европска лига.
И гледам дека во Нордот веќе тргна медиумската подготовка против тој предлог.
Во режија на власта, се разбира.
Демек, втората лига ќе го сјебе македонското достоинство. Замислете ја вие таа категорија што се вика „македонско достоинство“. Диско шупа спремна за полнење и палење. Се разбира дека германскиот предлог за ајваните од вмро е добар изговор да ја продолжат својата политика на држење на македонската риба на суво на бродскиот под додека не престане да мрда. Некој треба на луѓето да им ја каже вистината, а не да формира работни групи со злото: вмро не е само против втората европска лига, туку и против првата или бундес лига на Европската унија. Затоа што членството во која и да е лига, освен правни, технички и финансиски користи, дефинитивно ќе го обезбеди македонскиот национален и државен субјективитет, феномен против кој говњарите на светите букви триесет и пет години успешно се борат и се пред самата цел во тој поглед.
Истата функција ја имаше и бугарското вето и договорената свињарија во која вмро беше одреден да го брани македонското достоинство така што Бугарите нема да ги пушти во Преамбулата затоа што планот беше и е Македонците да испаднат.
Да заклучам: ако тој предлог стигне во официјална форма, задолжително мора да се прифати, а ако вмро остане на своите позиции, тие, односно вмро, конечно, мораат по секоја цена да се отфрлат. Затоа што најскапата цена е одбивањето. Пресудата е смрт со инјекција од бесмисла, инфантилност и глупавост.
Така доаѓаме до следново парче кое само на прв поглед може да изгледа како некоја друга тема.
Не!
Сѐ додека навистина се порекнува, смртта станува најважна работа. Како и сѐ што се порекнува.
Таа е никаде и секаде.
Додека ја порекнуваме смртта, морбидното за нас има најголема привлечност.
Можеби затоа што повеќе не може да се пронајде ниту еден трансцедентен извор на вредности, смртта (исчезнувањето на свеста) станува жиг на вредноста, на значењата. Во некоја рака, сѐ она што се допира до смртта има вредност.
Но, тоа истовремено води во промоција и тривијализација на концептот на смртта, што дава, можеби, најдлабок поттик на упорната иконографија на насилството.
Заедно со насилните смрти во артефактите на нашата култура.
Вморонската одбрана на националните и државни интереси е друго име за смртта на Македонија. Таа е, како што гледаме, насекаде. А и никаде, ако се праша излудениот и оглупавен Македонец. Кој не гледа подалеку од носот затоа што мозокот му е измиен во комитска мочка на многу висока температура. Смртта е сѐ. Нашите животи поминуваат во допир и гушкање со смртта. Во насилство и државен терор. И така ќе биде дур сме со вмро. Оти вмро е смртта.
Една максима вели дека млад човек кој на дваесет години не е либерал – нема срце, а оној што е либерал после дваесеттата – нема мозок!
Либералите несомнено стануваат конзервативци, но не после дваесеттата година. Многу подоцна. Но, и да е така, тие некое време имаат и срце и мозок. Што за македонските квазиконзервативци од вморонското стадо, не би можело да се каже. Тие во текот на целиот живот имаат само дебело црево со дивертилули, полипи и ракови од 104 степен. Вмороните се мекотели. А Македонецот-вморон е глиста во тоа црево.