На регионален пат Тетово-с.Јажинце, на влез за тетовското село Теарце, вчера во 15.00 часотполициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с.Порој, тетовско.
Од МВР денеска информираа дека тој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 км на час во населено место.
– Во 18.54 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај место викано „Студена вода“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(35) од с.Ѓермо, тетовско, кој управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 173 км на час на место каде каде дозволената максимална брзина е 100км на час, надвор од населено место, соопшти МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.