ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од пет до шест милијарди евра

April 24, 2025 15:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу пет и шест милијарди евра кои што ќе се случат во Македонија, за изградба на локални, регионални и експресни патишта, клинички центри, како и пруги и ски центри, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Во гостување на поткастот „Каде се парите“, премиерот посочува дека најпрво треба да биде разговарано со Стопанските комори за тоа дали земјава има капацитет сето тоа да го реализира, по што, вели, за најмногу два месеци прецизно ќе биде објавено во јавноста.

– Откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација. Ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе од два месеци ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што, вели премиерот.

Помеѓу половина милијарда и една милијарда, вели, ќе бидат наменети за изградба на локални, регионални и експресни патишта.

– Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот, додаде Мицкоски.

Вториот проект, додаде, е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево и реконструкција на Клиничката болница Тетово.

– Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција, додава Мицкоски.

Во врска со неговата посета на Обединетите Арапски Емирати, рече дека имал состаноци на високо ниво, средба со претседателот на Емиратите, како и средби со, како што рече, врвната бизнис заедница и компании кои што функционираат надвор од Емиратите, за кои вели во мај или јуни се очекува да дојдат во земјава.

– Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол  регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има „follow up“ од нашата посета и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија, вели Мицкоски.

Next Post

Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk