Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.
-Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот, се наведува во повикот на МОН.
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.