ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Љутков бил свесен дека не ги дале платите пред Велигден, но вели – конечно го решивме проблемот

April 24, 2025 16:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура  Зоран Љутков, кое се однесуваше на неисплатените плати, непочитувањето на колективниот договор за исплата на платите на културните работници.

„Министре, ова ќе биде мое прво и последно прашање до вас, затоа што знам дека ги слушате реакциите – не од мојата партија или пратеничка група, туку од сите.

Претпоставувам дека беше многу лесно од партиска говорница да се напаѓа и да се измислува, а сега да се кажува нешто сосем друго, соочен со реалноста и вистината.

Кажавте дека сте биле член на СКРМ во време на потпишувањето на колективниот договор, и јас очекувам – бидејќи вие секогаш сакате правда и исправување на криминал – дека, ако нешто било незаконско во тој колективен договор, требало да реагирате и да укажете, како што денес тврдите. Сакам да знам дали и зошто сега го напаѓате колективниот договор. Дали планирате да го промените членот 65 од истиот колективен договор? Во завршната одредба на овој колективен договор стои дека тој останува во важност до моментот на потпишување на нов колективен договор. Значи, тој е важечки според сите одредби. И вие знаете дека секогаш со мартовската плата во културата се прави усогласување со минималната плата, откако таа започна да расте. И токму моето прашање до вас: зошто не ги направивте новите решенија на време? Зошто урнек-решенијата се испратени на 10 април до установите, знаејќи дека имате безмалку околу 100 културни установи – 49 под Министерство за култура и 49 под локална самоуправа?И зошто дури на 10 април се добиени тие урнек-решенија и не се потпишани од тој што ги изработува? Дали не бевте во државата? Дали во Министерството за култура ова е времето кога се користат ланските одмори, па сега немате таму помош? Или имавте некоја друга намера?“, истакна Костадиновска Стојчевска.

– Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска. Јас нема да застанам против моите колеги, тука сум да им ги решам проблемите, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тој од денешната собраниска говорница, за време на седницата посветена на пратенички прашања, на прашањето од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за ненавремено исплаќање на платите на културните работници, напомена дека проблемот конечно е решен, а исплатата е во согласност со Министерството за финансии.

-Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Вие тоа го знаете, уште со самото потпишување сте биле министер за култура. Колективниот договор го потпишал министер кој што појма немал што потпишува и немал направено анализа какви штети ќе направи во културата и дека ќе ја „прелие чашата“, ќе не донесе до тоа 90 проценти да земаме плата, а 10 проценти да земеме за програмски активности. Вие добро знаете дека кога немате поддршка од Министерството за финансии, поточно кога нема позитивна согласност, тоа значи дека средствата ќе треба да си ги обезбедувате од сопствениот буџет. Вие тоа сте го дозволиле четири години. Сега, кога конечно некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, рече Љутков.

Тој ги отфрли шпекулациите дека платите не биле донесени поради неговото заминување на пат.

-Не е точно дека сме почнале да правиме посебни решенија, па не сме успеале да ги донесеме платите затоа што јас сум бил на пат. Јас бев во Македонија кога требаше да се решава овој проблем. Јас не сум како вас, да одам во Стразбур во време на најголемата несреќа што се случи во државата. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка, која што е достојна и која што е законска. Успеавме за неполн месец дена да се собереме, да направиме работна група и да направиме добра проценка како треба да изгледа овој колективен договор и исплатата на пари, со согласност од Министерство за финансии, конечно после четири години, додаде министерот.

Тој напомена дека се надева оти за брзо време во согласност со сите засегнати страни ќе се донесе нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите.

-Да, јас бев член на СКРМ и од тој аспект ги знам работите и од надвор, и од внатре од Министерството за култура и туризам. Јас нема да застанам против моите колеги, јас сум тука да им ги решам проблемите. Бидејки овој колективен договор е истечен, се надевам дека за многу брзо време ќе наидеме на разбирање од сите засегнати страни и ќе донесеме нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите, додаде Љутков.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЗоран Љутков

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk