Пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче рече дека владата не може да биде стабилна и функционална без учество на пратеници Албанци во неа. Според него, без нив не може да се постигне бадинтер и влада без бадинтер значи нефункционална влада.
– Влада без пратеници Албанци ќе биде нефункционална и нестабилна, бидејќи нема да се постигне бадинтер. Нема да биде долгорочна, ни логички, ни по број. Но, всушност, практично тешко би функционирала, вели Снопче.
Од друга страна, потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Албанец, како министер, бил проблем што беше дел од преговарачкиот тим во име на државата, значи негирање на легитимноста на албанското претставување во државата.
-Изјавата на премиерот е една од најразделните и најантидржавните изјави некогаш дадени од лидер на влада. Да се проблематизира фактот дека Албанец, како министер, бил дел од преговарачкиот тим во име на државата, значи негирање на легитимноста на албанското претставување во државата. А она што ја прави оваа изјава уште поскандалозна е тоа што воопшто не се споменува дека во истиот тим имало и претставник на српската заедница – дури и на повисока функција Бојан Маричиќ, вицепремиер. Значи, проблемот на премиерот не е самата репрезентација, туку тоа што претставникот бил Албанец, нагласи Адеми.
Ова, според него, покажува опасна политичка и идеолошка опседнатост со Албанците.
– Ова е двоен стандард, исклучувачки и длабоко нефер. Албанците не се странци во оваа држава. Тие се негов нераскинлив дел и имаат право да бидат соодветно застапени во секој државен процес, потенцира тој.
Дестан Јонузи