ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Тунева за Нова ТВ: Мора да се инвестира во достоинствено новинарство

May 2, 2025 16:31
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 3-ти мај се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, ден на кој ја истакнуваме важноста на независното новинарство и правото на вистинито информирање кои треба да се дел од секојдневната работа на новинарите. Разговаравме со д-р Марина Тунева, медиумска експертка и вонредна професорка на Институтот за комуникациски студии, за актуелната состојба на медиумите и слободата на изразување во земјава.

Нова: Како би ја опишале актуелната состојба на медиумите во нашата земја?

Тунева: Медиумскиот систем честопати наликува на архитектура со солидни темели, но со недовршен кров и скали што водат до ќор-сокаци. Имаме инфраструктура на медиумски плурализам, формално постојат многу гласови, но тие ретко се среќаваат во вистинска дебата.

Од една страна, имаме новинари со висока професионална етика, кои работат со исклучителна посветеност и покрај ограничените ресурси и притисоците. Од друга страна, медиумската сцена е ранлива, под влијание на политички центри, бизнис интереси и новите алгоритамски сили што го моделираат вниманието и приоритетите.

Во ерата на вештачката интелигенција, тоа значи дека сè повеќе се губи улогата на уредникот како чувар на јавниот интерес, а се зајакнува логиката од типот „вреди тоа што се клика многу“.

Нова: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Тунева: Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради. Не станува збор толку за забрани, колку што се присутни одредени, постојани, форми на притисок: економска зависност, неформално влијание, култура на автоцензура и нормализирање на стравот.

Новинарите сè почесто се соочуваат со „тивка корозија“ на слободата преку изложеноста на постојан стрес, несигурност, експлоатација, па и отсуство на задоволителна институционална заштита. Во споредба со медиумските системи во западна Европа, кај нас сè уште се води борба за основната слобода, не само да се објави нешто, туку и тоа да биде слушнато, разбрано и заштитено од потенцијални реперкусии.

Нова: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Тунева: Прво, мора да престанеме да ја третираме медиумската слобода како декларативна вредност и конечно да почнеме да ја негуваме како есенцијален јавен ресурс.

Мора да се инвестира во достоинствено новинарство преку одржливи модели на финансирање што ќе бидат отпорни на партиски и бизнис влијанија. Новинарите не се волонтери на демократијата, тие мора да имаат услови да живеат од својот труд, а не само да опстануваат во него.

Понатаму, неопходно е да се спречи алгоритамската логика да стане новиот принцип на уредување на содржините. Вештачката интелигенција не смее да биде алатка за манипулација и генерирање содржини на лесен начин, туку треба да биде под силен етички надзор и човечка контрола.

Потребно е да се јакне и поддржува медиумската саморегулација заради транспарентност и доверба во медиумското информирање, а тоа да не се прави само со декларативни изјави.

Конечно, да се продолжи со инвестиции во едукацијата за градење на вештините за медиумска и дигитална писменост, за сите генерации. Само информиран и критички опремен граѓанин може вистински да се заштити од дезинформации и пропаганда.

Затоа, би рекла дека без систем што ги штити фактите, секоја демократија ќе биде ранлива на популизмот и дезинформациите. Медиумската слобода не е привилегија, таа е основа на секоја слободна мисла и прва линија за одбрана на вистината.

Марија Тодоровска/НоваТВ

Tags: медиумиТунева
Next Post
Фото: МИА

Уште тројца повредени во пожарот во Кочани пуштени од болницата „Пирогов“ во Бугарија

Shortcut

Најново

Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk