ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зоран Иванов: Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет

May 3, 2025 16:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет. Без таа карактерна црта не може да се очекува професионално новинарство“, вели Зоран Иванов- долгогодишен новинар и политички аналитичар, сега главен уредник на НоваТВ, во изјава за Фронтлајн, по повод 3-ти мај Светскиот ден на слободата на медиумите.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Зоран Иванов: Социјална, аматерска, навивачка, полтронска, исполитизирана, изманипулирана. Голем дел од вината за неколкуте горни атрибути е во самите медиуми. Во уредничките состави, пред сè.

Во главните уредници најмногу. Тие го диктираат медиумскиот амбиент. Ниту сопствениците, ниту политиката туку главните и одговорни уредници кои без поговор ги аминуваат и ги претвораат во медиумски продукти сигналите што ги емитираат медиумските газди.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Зоран Иванов: Во последнава декада, две посебно, не можам да се сетам дека некој уредник ја напуштил редакцијата поради несогласување со сопственикот, а бранејќи ги професионалните новинарски стандарди.

Не можам да се сетам на име на Главен уредник на национаниве ТВ, на пример, кој ја напуштил функцијата поради тоа што одбил да се адаптира на политичките или на бизнис интересите на своите претпоставени.

Не знам дали веќе има уредник со професионален новинарски дигнитет. Потчинетоста на уредниците натаму се пренесува во редакциите и се пресликува во новинарските продукти па, наместо новинарство, имаме пропагандни информативни програми.

И во сето, најжалното е не само што се прифаќаат диктати на сметка на стандарди, туку жалното е што уредниците и соработниците самите им се поттураат на сопствениците за да им ги реализираат нивните агенди од интерес.

ФРОНТЛАЈН: Кои се Вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Зоран Иванов: Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет. Без таа карактерна црта не може да се очекува професионално новинарство.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗНМЗОРАН ИВАНОВсветски ден на слободата на печатот
Next Post
Фото: Скриншот, ТВ Алфа

Тошковски вели - опозицијата ги организирала семејствата на загинатите во Кочани да протестираат во Скопје

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk