ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

May 5, 2025 10:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши. Повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски, реагираат од СДСМ Аеродром.

Оттаму велат дека „за оваа реконструкција согласно договорот со изведувачот предвидени се 6,8 милиони денари и рок за реализација од 12 месеци“.

„Фактот што истовремено се реконструираат тротоарите од двете страни на улицата со несоодветна сигнализација за ограничување на движењето ја нарушува безбедноста пешаците кои секојдневно ја користат улицата. Во текот на реконструкцијата на тротоарите на повеќе места видно е оштетен и коловозот што дополнително ја нарушува безбедноста при движењето на оваа улица, соопштуваат од СДСМ Аеродром.

„Имајќи предвид дека се работи за исклучително фреквентна улица, јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:

Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Дали Општина Аеродром ги има на сметка потребните 6,8 милиони денари за реконструкцијата на само половина од ул. Владимир Комаров?

Зошто во овој мандат не се реконструираат и тротоарите на другата половина од улицата, од бул. Јане Сандански до Железничка?

Пред 4 години покрај овие тротоари ветивте и велосипедска патека на истиот потег, каде исчезна ова ветување од општинските програми?

Нели е срамота тротоари од 450 метри во правец да се реконструираат повеќе од месец дена?“, прашуваат од СДСМ Аеродром.

– За споредба, во време СДСМ за само 2 недели заврши реконструкцијата на 4 коловозни ленти на бул. Димитрија Чуповски од Палома Бјанка до бул. Св. Климент Охридски. Трпението на жителите на Аеродром е при крај. Дојде времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Митески треба да си понесат одговорност за сопствената неспособност. На 4 годишното пустошење на Општина Аеродром мора да му се стави крај, се наведува во соопштението од СДСМ Аеродром.

Next Post
Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk