ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Мурати: Министерството за култура по четири месеци го одби барањето за основање национална установа под името на турскиот поет Јахја Кемал Бејатли

May 6, 2025 11:26
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура по четири месеци го одбива барањето за основање национална установа под името на великанот на турската книжевност Јахја Кемал Бејатли во Скопје, информира пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, нагласувајќи дека поднел жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и најави петиција до Народниот правобранител за дискриминација по национална основа.

Амандманот 8 од Уставот ги гарантира нашите културни права на заедниците, нагласи Мурати, посочувајќи дека, „ова е доказ за обесправеноста на помалкубројните заедници во нашето општество“.

Барањето до Министерството за култура за основање на Национална установа со името на Јахја Кемал Бејатли, Сали Мурати, како пратеник го доставил до Министерството за култуа на 13 ноември 2024 година.

– Со барањето беа доставени сите потребни документи. Елаборат, финансиски план, програма за работа и друго, вкупно осум прилози со десетици страници, стручно подготвен материјал на кој сум работел со месеци, изјави Мурати.

Јахја Кемал Бејатли, посочи Мурати, е роден во Скопје 1884 година и е еден од најзначајните турски поети во 20 век и претставува непроценливо културно наследство што го поврзува Скопје и Република Македонија со Турција и светската книжевност.

-По четиримесечен молк од Министерството за култура и поднесено пратеничко прашање минатиот месец, добив известување од Министерството без никакво образложение, ниту правна поука. Во самиот одговор, Министерството за култура ги признава моите наводи дека непобитен е фактот за значењето и важноста на Јахја Кемал Бејатли за турската култура и книжевност и воопшто во поглед на целокупното културно наследство на Република Македонија и повеќеслојноста на неговата поврзаност со Скопје. Ако ова не е доказ за основање на една национална установа, изјави Мурати.

Наместо да наведе конкретни законски пречки, според Мурати, Министерството во образложениеото наведува дека веќе постојат три национални установи во Република Македонија. – Еден е Турскиот театар, втората е Спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик и во Скопје, ние сакаме и тука да бидеме афирмирани. Овие се нашите национални установи, ние учествувае во буџетот и претставуваме дел од нашата татковина, изјави Мурати.

Tags: Јахја КемалМинистерство за КултураСали Мурати
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение против 59-годишник за полов напад врз малолетник

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk