Новиот германски канцелар Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за време на синоќешниот телефонски разговор се согласиле дека е неопходно брзо да се решат трговските спорови, соопшти портпарол на германската влада, цитиран од ДПА.
Двајцата лидери исто така се согласиле дека е неопходно да соработуваат за ставање крај на војната во Украина, додаде портпаролот.
– Претседателот Трамп му честиташе на канцеларот за стапувањето на должност. Канцеларот Мерц го увери американскиот претседател дека 80 години по крајот на Втората светска војна, САД остануваат незаменлив пријател и партнер за Германија, изјави портпаролот.
За време на разговорот, Мерц го поканил Трамп во официјална посета на Германија. Според владини извори, Трамп најавил дека може да реализира таква посета.