Владимир Путин за директни преговори меѓу Москва и Кијив, изјави дека тоа би бил „потенцијално голем ден за Русија и Украина“.
„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно „крвопролевање“ ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека тоа ќе се случи. САД сакаат наместо на тоа (војна) да се фокусираат на обнова и трговија. Пред нас е голема недела“, објави Трамп на Трут Соушл.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа на прес-конференција предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул.
Тој рече дека лично ќе му се обрати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги организира преговорите.
„Им предлагаме на властите во Кијив да ги продолжат разговорите што ги прекинаа во 2022 година, и, нагласувам, без никакви предуслови“, рече Путин.
Руските и украинските преговарачи водеа директни разговори во Истанбул во првите недели од конфликтот, но не успеаја да се договорат за запирање на борбите, кои беснеат оттогаш
Неговата објава е неколку часа откако Киjив и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник.
Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Кијив и се заканија на Москва со нови санкции и воена поддршка за Украина доколку Русија не се согласи со предлогот.
Поврзано:
Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул