ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На 13. Робомак ќе учествуваат 60-ина студенти, финалето ќе биде в сабота

May 12, 2025 14:41
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ од денеска до 17 мај ќе се одржува 13. Меѓународен студентски натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак (Robomac).

Ќе учествуваат околу 60 домашни и странски студенти, а по петти пат ќе биде организиран и натпреварот „Робомак јуниор“ на кој ќе се натпреваруваат 54 средношколци од 20 училишта во државава. Финалето на натпреварувачките тимови ќе биде  в сабота, на последниот ден од Робомак.

Студентите се распоредени во пет натпреварувачки категории – ќе развиваат роботски системи што препознаваат визуелни и звучни команди, ќе дизајнираат интелигентни агенти за динамични сценарија, ќе комбинираат машински вид роботика за автоматизирано сортирање и ќе програмираат автономни тркачки возила.  Покрај натпреварот ќе има и предавања од експерти. Средношколците талентирани за иновации на натпреварот „Робомак јунуор“ се поделени во две категории.

Успех во натпреварот им посакаа деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, ректорката на Скопскиот универзитет, Биљана Ангелова, државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација (МДТ) – Гордана Клинчарова,  претседателот на македонската секција на IEEE – Анастас Мишев и Филип Жаков, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE.

Деканот Атанасовски истакна дека Робомак станал симбол на младешкиот ентузијазам, иновациите и бескрајната љубопитност кон технологијата кој, рече, сѐ повеќе е препознатлив во земјава но и во регионот.

-Робомак е место каде што се среќаваат идните инженери и иноватори, каде што се спојуваат идеите, страста и знаењето. Робомак е платформа што го надминува класичниот концепт на натпревар – инспирира, мотивира и поврзува… Преку натпреварите, работилниците и предавањата, Робомак создава средина во која младите луѓе учат да соработуваат, да истражуваат, да експериментираат, но и да се забавуваат, истакна Атанасовски.

Ректорката Ангелова на отворањето на натпреварот посочи дека Робомак е препознатлив зашто е единствен во земјава и оти нема само натпреварувачки дух туку развива креативност и иновации.

-Најдобар во доменот на вештачката интелигенција, автоматиката и електрониката. Овој настан е збир на талентирани умови и е доказ за зголемената важност на роботиката и вештачката интелигенција за нашето општество. Светот брзо технолошки се трансформира … денес гледаме кон иднината и јасно е дека роботиката и вештачката интелигенција ќе играат се поважна улога во обликување на нашата иднина и нашите животи, рече ректорката Ангелова која ги охрабри младите со порака да не се плашат од предизвици зашто „патувањето до некое откритие е исто толку значајно колку и целта“.

Гордана Клинчарова,  државен секретар во МДТ, рече дека настаните како Робомак се клучни иницијативи „за иднината што ја градиме во време кога дигитализацијата е нужност“.

-Како Министерство за дигитална трансформација силно ги поддржуваме иницијативите и младинскиот дух, па така и оваа манифестација. Вие сте двигатели на дигиталната трансформација, со вашите идеи, прототипи и решенија не само што ја освојувате иднината туку и ја создавате овде, во лабораториите, на натпреварите, во соработките што ги градите, рече Клинчарова, додавајќи како држава се трудат да им обезбедат подобри услови за работа за да ги задржат во државава по дипломирањето.

Робомак се одржува со поддршка на IEEE – најголема глобална организација на електроинженери. Претседателот на  IEEE македонската секција, Анастас Мишев, кој се осврна на мисијата на IEEE, на учесниците на годинашниот Робомак им посака „неколку инспиративни и возбудливи денови, исполнети со интересни предизвици, со иновативни решенија и со многу забава“.

Добредојде на учесниците им посака Филип Жаков, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE, кој истакна дека Робомак „не е само технички натпревар туку симбол на амбиција, знаење, визија и упорност“.

Tags: Робомакстуденти
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk