Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за постигнување мир во Украина, јавија британските медиуми.
-Не мислам дека тие (Русите) се заинтересирани за мир. Тие продолжуваат да ја бомбардираат Украина. Ако се заинтересирани за мир, можат да престанат веднаш, изјави Калас на маргините на осмиот годишен самит за демократија во Копенхаген.
„Без сомнение, Русија игра игри, обидувајќи се да купи време“, додаде таа.
За време на прес-конференцијата во раните утрински часови во неделата, рускиот претседател Владимир Путин предложи во четврток во турската метропола Истанбул да се одржат директни разговори меѓу Москва и Киев, потсетуваат британските медиуми.