ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кулаков: Пресудата за прегазувањето на Фросина е срамна и тажна

May 13, 2025 13:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот. Затоа оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас, изјави Тодор Кулаков, таткото на Фросина, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки и смена на ваквиот корумпиран судско-казнен систем.

– Многумина на душа ќе ја носат погибјата на детето ангел против ваквиот срамен судски епилог, арам да им се парите и се друго што добиле како компензација. И Бог нека им суди и пресуди. Ние не се откажуваме, порача Кулаков.

Првиот впечаток кога влего во судницата, како што рече, бил дека родителите на Васил биле тотално релаксирани.

– Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа просто вкочанети. Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдни убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти според зборовите на одбрана, а што очигледно најмалку наивно беше прифатено од судскиот систем, па така срамна е и пресудата, изјави Кулаков.

Посочи дека семејствата на убиените жртви со закон се целосно исфрлени од постапката. – Ништо не е сменето… Судот е чиста мафија и вакви мафијашки убијци ги штити и такви пресуди носи, рече Кулаков.

Обвини за уништување на докази од останатите тројца кои биле во автомобилот со Васил Јованов, за кои како што рече, требало да има кривична пријава за уништување на докази за убиство од кои, како што нагласи, сигурно ќе произлегле докази за многу нови кривични дела.

– Така повеќе од 20 години ќе беше казната на Јованов односно барем ќе беше обвинението за Јованов , но и за другите тројца во колата. Каде се тие сега, овој систем ги скри. Системот треба да одговара за соучество во прикривање на убиство, рече Кулаков, најавувајќи повторно протести пред судовите и Судскиот совет.

Казна затвор  од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов,врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Tags: Васил ЈовановКулаковпресудаФросина Кулакова
Next Post
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk