ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Двете фотографии од визите на Заев и Филипче се фотомонтажа

May 14, 2025 15:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа. Заев и Филипче

Фотомонтажа. Заев и Филипче

Share on FacebookShare on Twitter

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдиле дека документите кои се споделени како наводни нивни визи за Дубаи се неверодостојни и претставуваат фотомонтажа.

Текстот од Вистиномер го пренесуваме во целост.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат две фотографии од наводните визи во Дубаи и се тврди дека им припаѓаат на сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче и на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче, а имале и двајцата со Заев. 

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. Инаку, претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Политиканти“ изјави дека поседува виза во Дубаи без да потенцира дали е „златна“ објаснувајќи дека ја добил поради преговори за работа во некоја болница во Дубаи, уште пред да стане пратеник.

Станува збор за виза за којашто апсолутно јас бев… обвинуван дека таму имам недвижнини или милионски сметки и тоа го демантирав. Апсолутно не е ни едното ни другото вистина со таа виза којашто ја поседувам во Дубаи. Не е никако поврзана со инвестиции во никаква форма. Пред периодот кога се кандидирав за претседател на партијата и пратеник бев во преговори со една болница таму за работа. И добро напредуваа преговорите дури и заврши една форма на валидација на документите и тој процес сега е ставен на стенд бај, рече Филипче во „Политиканти“.

Наредниот ден на социјалните мрежи се појавија две фотографии кои се наоѓаат и во објавата што ја рецензираме, а кои се наводно фотографии од „визите на Филипче и Заев“. Меѓутоа, кога ќе се постават двете фотографии во алатката којашто прoверува текст од фотографија, се доаѓа до сознанието дека всушност имињата што се испишани на арапски јазик на наводните визи, се на други луѓе, а не на Заев и на Филипче. Така, на документот на кој се тврди дека е од „визата“ на Заев, всушност од десната страна стои името „Малком Едвин Џозеф Ентони“. До него на арапски е испишано државјанство – „американско“.

Кога во алатката „јандекс“ ја поставивме фотографијата за која се тврди дека е визата на Филипче, добивме сличен резултат – поинакво име во арапскиот дел од текстот. Односно, пишува дека визата е на име „Авраам Малколм Едвин Џозеф Ентони“ со државјанство на Соединетите Американски Држави.

Дополнително, секогаш кога граѓанин се фотографира за да добие виза во која било држава, тој мора да се фотографира за таа цел и со таа намена, меѓутоа, фотографиите искористени во објавата претставуваат фотографии од Заев и Филипче кои се земени од интернет, што потврдува дека фотографиите не претставуваат веродостојни записи од нивни визи за Дубаи, туку фотомонтажи.

Дополнително идентификацискиот број на визите за Дубаи има 15 цифри. На фотографијата со „визата“ на Заев има само 14 а на онаа од Филипче 13 цифри што потврдува дека се работи за невистина.

И Заев и Филипче за Вистиномер потврдија дека двата документа коишто се споделени како наводни нивни визи за Дубаи се неверодостојни и претставуваат фотомонтажа.

Фотографијата не е веродостојна. Не е воопшто точно. Се гледа дека некој тоа го има електронски креирано, ни рече Заев.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава со изменета содржина (altered content).

Tags: ЗаевФилипчефотомонтажа
Next Post

Нескршливоста на Украинците

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk