ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

May 16, 2025 11:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Тој образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги анализирал видеото записите, пред судот ја потврдил точноста на службената белешка бр. 2532 од 7.12.2023.

Палевски истакна дека видео-снимките потврдуваат учество на три лица, а не четири, како што тврди Обвинителството.

При преглед на видео записот е утврдено дека на камерата број 1 и камерата број 3 поставени на објект Хотел Романтик Велес го покриваат регионалниот пат (Стар пат Велес-Скопје), при прегледот на Видео-записите на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (реално време 10:15) се забележува патнички автомобил Рено Кангу како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. И на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (10:15) се забележува патнички автомобил Цитроен БХ со регистерски број ВЕ2931АД како се движи во правец Велес-Скопје и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице, образложи тој.

Според Палевски, ова е докажан и утврден факт со видео, со сведочење, кој ОЈО Скопје не го доставиле во листата на докази во обвиненијата, а доставени се други девет службени белешки за сите останати видеа кои биле презентирани. -Со што се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три лица, а не четири, како што тврди ОЈО во обвинителниот акт, рече тој.

Во продолжението се изврши увид во чаурата пронајдена на местото на убиството на Жежовски.

Во однос на барањето за изведување на ЦД, Судот информираше дека застапникот на обвинението изјавил дека немаат запис од камера од Сејф Сити од возилото на место Нова железничка.

По исцрпување на листата на докази, главната расправа продолжи со дополнение на доказната постапка.

Tags: двојно убиствосудење
Next Post

Најмалку 50 луѓе загинаа при израелскиот напад врз Појасот Газа

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk