ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025 13:08
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

РК Алкалоид во петокот вечерта пристигна во грчката метропола, а ракометарите вчера го одработија својот тренинг во салата каде што ќе се одигра натпреварот.

– Полни со енергија, елан и голема желба за успех, ракометарите на РК Алкалоид ги одработија последните задачи пред натпреварот во рамки на финалето на Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина во Грција, напишаа од клубот на социјалните мрежи и објавија видео од последните подготовки.

Кусо пред вчерашниот тренинг и на нешто повеќе од 24 часа пред дуелот, тренерот Кире Лазаров за МИА ја пренесе атмосферата во тимот и истакна дека за младите и пред сè надежни ракометари, ова е прво и големо вакво искуство, да се игра, европско финале.

– Со позитивна атмосфера и позитивно размислување тргнуваме кон финалето. Поминавме многу долг пат за да стигнеме до ова финале, не беше воопшто лесно, елиминиравме многу добри противници, во голем дел од тие натпревари доминиравме со победи и на домашен терен и на гости, меѓутоа моето искуство кажува дека секој противник треба да го почитувате, особено противник кој исто така како и тебе дошол до едно големо финале исто на еден доминантен начин. АЕК како тим веќе има такво искуство, има освоено европски куп, има изгубено едно финале, така да тие како клуб го имаат почувствувано тоа и знаат како да се постават, но сакам да кажам дека секој има свои сметки и свои математики, така и ние и се надеваме дека ќе бидеме на потребното ниво, да бидеме во најмала рака компетитивни утре, објасни Лазаров.

Тренерот на домаќините Фредерик Бужан во изјава за официјалниот сајт на АЕК во четвртокот рече дека со сериозност, смиреност и со многу концентрација ги водат подготовките, дека ќе се соочат со, како што рече, „многу квалитетен противник“, а паралелно ги повика навивачите да дадат поддршка и „да доживеат уникатно искуство“ и неверојатни моменти за ракометот.

Ќе се соочиме со многу квалитетен противник. И покрај големата важност на натпреварот, главно е да не брзаме со стратегијата, вели тренерот на грчкиот ракометен клуб АЕК Фредерик Бужан во пре

Натпреварот предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во Грција, а пред сè кај навивачите на АЕК, во изминатите денови беа отворени дополнителни блокови од трибините и пуштени во продажба дополнителни билети, а според последните информации, финалето се очекува да го следат 8.000 гледачи, во салата со капацитет да прими 9.000 лица.

Тренерот Лазаров, во вчерашниот разговор со дописничката на МИА од Атина, го коментираше и играњето на гостински терен и дали и колку тоа влијае врз психологијата на ракометарите на Алкалоид.

– Видете, ние доста време потрошивме на таа подготовка, особено кога се работи за гостински терен и гостински навивачи. Во нашето првенство имаме секоја недела едно такво искуство. Нашата лига од година во година е поквалитетна и поинтересна и каде и да игра Алкалоид играме пред полна сала, пред гостински навивачи со млад тим, така да мислам дека, да предност е за АЕК во една рака, во друга рака ние веќе година две настапуваме во полни сали во Битола, пред полни сали во Јане Сандански со Комитите, со Чкембарите, полни сали во Охрид, кои се противници во нашето првенство, исто така и во Кавадарци. Мислам дека за нашите играчи, ќе има, да, во некоја одредена мерка влијание, но нема тоа да биде одлучувачко, истакна тренерот на РК Алкалоид.

РК Алкалоид доцна синоќа пристигна во грчката метропола, а на нешто повеќе од 24 часа пред натпреварот, тренерот Кире Лазаров, во разговор со дописничката на МИА од Атина, ја пренесува атмосф

Реваншот на историско финале за Алкалоид, ќе се одигра за една седмица во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

Фото: РК Алкалоид/ МИА/ РК АЕК

Tags: АЕКАлкалоидатинаЕвропски куп
Next Post
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот - симболи на моќ, жртва и светост

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk