ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

18 мај — Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ

May 19, 2025 12:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор: Chronicle of Current Events)

Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор: Chronicle of Current Events)

Share on FacebookShare on Twitter

На 18 мај 1944 година, советскиот тоталитарен режим изврши еден од најбруталните злосторства — масовна присилна депортација на кримскотатарскиот народ од Крим. По наредба на Јосиф Сталин беше спроведено масовно етничко чистење — „конечно чистење“ на полуостровот, чија цел беше уништување на кримските Татари како автохтон народ. Огромното мнозинство од депортираните беа жени, деца и стари лица.

Утрото на 18 мај 1944 година, низ целиот Крим започна репресивна операција на НКВД. Вооружени припадници на безбедносните сили ги принудуваа луѓето за 10–20 минути да се подготват и да заминат во непознат правец. Веќе до 08:00 часот, повеќе од 90 илјади лица беа натоварени во товарни вагони, а до 20 мај беа депортирани повеќе од 193 илјади лица, од кои повеќе од 92 илјади беа деца.

Местата на прогон станаа оддалечени региони на СССР — пред сè Узбекистан, но и Казахстан, Сибир, Поволжје и Урал. На пат, во нечовечки услови, загинаа најмалку 7–8 илјади луѓе. Во првите една и пол година во специјалните населби, поради глад, болести и условите за живеење, починаа околу 30 илјади лица, а во некои региони смртноста достигна и до 70%.

Во специјалните населби кримските Татари беа лишени од основни човекови права: им беше забрането да ги напуштаат населбите, да работат според професија, да се школуваат или да добијат медицинска помош. За обид за бегство следуваше казна до 20 години тешка принудна работа.

По депортацијата, советската власт ги избриша сите траги од присуството на кримските Татари во Крим: беа сменети имињата на населените места, разурнати џамии, депортирани фронтовски ветерани, уништени јазикот, книгите и културното наследство. Самото спомнување на депортацијата — Sürgünlik — беше забрането.

И покрај забраните, во 1950–1980-тите се разви моќно кримскотатарско национално движење. Негов кулминационен момент беше протестот на Црвениот плоштад во Москва во јули 1987 година. Во ноември 1989 година, советските власти ја укинаа забраната за живеење во Крим.

Од 1990-тите започна масовно враќање на народот на татковината. Без никаква државна поддршка, кримските Татари самостојно основаа околу 300 нови населби. Во 1991 година беше свикан Вториот Курултај, а беше создаден и Меџлисот — национално претставничко тело.

По враќањето, кримските Татари го оживеаја јазикот, културата, образованието, верскиот живот и медиумите. Се отворија училишта со настава на мајчин јазик, беа обновени џамиите и започнаа со работа кримскотатарски медиуми.

По окупацијата на Крим во 2014 година, Руската Федерација ја продолжи геноцидната политика. Дејноста на Меџлисот беше забранета, лидерите и активистите се прогонуваат, забрането е одржување на митинзи на 18 мај, како и користење на кримскотатарската симболика.

Стотици припадници на заедницата станаа политички затвореници, особено во рамки на т.н. „случај на кримските муслимани“. Тие без докази се обвинети за тероризам. Телевизијата ATR е затворена, образованието на мајчин јазик е ограничено, а културата се уништува систематски.

Паралелно, РФ спроведува масовно населување на свои државјани во Крим — што претставува воен злостор и кршење на IV Женевска конвенција. Ова е обид за бришење на присуството на кримските Татари и создавање на лажна слика за „руски“ полуостров.

Меѓународно признавање на геноцидот

На 12 ноември 2015 година, Врховната Рада на Украина ја призна депортацијата како геноцид. Од тогаш, 18 мај се одбележува како Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ.

И други држави се приклучија на ова признание — Летонија, Литванија, Канада, Полска, Естонија, Чешка. Сè почесто, меѓународната заедница признава дека депортацијата од 1944 година е геноцид, а денешните постапки на РФ се нејзино продолжение.

Трагедијата на кримскотатарскиот народ не е само страница од минатото, туку и длабоко актуелна реалност на сегашноста. Сеопфатната војна што ја започна Руската Федерација против Украина во 2022 година само го потврдува ова: кремљовскиот режим ја продолжува геноцидната политика започната во времето на сталинизмот. Систематски депортации, масовни убиства, уништување на културното наследство, репресии против лидерите и носителите на националниот идентитет — сето тоа сведочи за обид да се скрши кичмата на украинскиот и кримскотатарскиот народ како носители на слобода и достоинство.

Крим, привремено окупиран од Русија, повторно се претвори во простор на страв, угнетување и молчелив терор. Во овој контекст, депортацијата од 1944 година не претставува завршено поглавје од историјата, туку хроника на злостор што сè уште трае.

Затоа, обврска на целата демократска заедница е не само да се сеќава на жртвите од минатото, туку и активно да делува денес: да ја поддржува борбата на Украина, да врши притисок врз агресорот, да се залага за ослободување на сите привремено окупирани територии.

Правдата за кримскотатарскиот народ и за цела Украина ќе биде возможна само по целосна деокупација на Крим, изведување на Русија пред одговорност и признавање на нејзините постапки како меѓународен злостор — геноцид. Само тогаш ќе биде обновена не само контролата врз територијата, туку и достоинството, слободата и иднината на милиони.

Амбасада на Украина

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk