ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милијарди зад затворени врати: Бранимир Јовановиќ предупредува на нетранспарентноста и ризиците од новите „стратешки партнерства“

May 20, 2025 15:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека Владата најавува ново „стратешко партнерство“ со Велика Британија во висина до пет милијарди фунти, јавноста повторно е ставена пред свршен чин. Како и со унгарскиот кредит, информациите стигнуваат до граѓаните дури во завршната фаза од процесот, без јавна расправа, без консултации со стручната јавност и без јасни гаранции дека најавените инвестиции навистина ќе се реализираат.

Економистот Бранимир Јовановиќ, кој живее и работи во Австрија, во интервју за БИРН вели дека ваквиот модел на финансирање, во кој се крие сè до последен момент, е длабоко проблематичен. Според него, примерот со унгарскиот заем е поучен:

„Го најавуваа помпезно уште пред да дојдат на власт, ги криеја деталите, не консултираа ниту професори, ниту невладини организации, никого. И сега, една година подоцна, нема апсолутно ништо од него“, вели Јовановиќ и додава: „Мислам дека истото ќе се случи и сега – ќе се тресе гората неколку месеци, а нема ни глувче да се роди.“

Ваквите најави за милијарди не се новост во македонската политичка сцена. Јовановиќ потсетува дека уште во 1990-тите Тупурковски започна со слични ветувања, Груевски продолжи, а Заев, како што вели, „го заокружи“ процесот на продавање илузии. „Од толку многу милијарди, вистинско чудо е како сме уште најсиромашната земја во Европа“, забележува тој со иронија.

Иако актуелната влада се обидува да му даде сериозност на договорот преку асоцијација со Британија, Јовановиќ предупредува дека и таа рамка не е гаранција дека ќе има реални инвестиции: „Од она малку што беше споделено, јасно е дека договорот е само основа за потенцијална соработка до тој износ – но не и дека постојат конкретни проекти за пет милијарди фунти.“

Клучниот проблем, според него, лежи во отсуството на транспарентност и вклученост на независни стручњаци. „Ако се знаат деталите и ако се вклучени стручни лица во процесот, владата нема да може да продава приказни од кои на крајот нема ништо.“

Во услови кога јавниот долг веќе се движи блиску до критичната граница од 60% од БДП, како што самите власти признаваат, ваквите „приказни“ можат да имаат сериозни последици – не само по буџетот, туку и по кредибилитетот на државата пред европските и меѓународни партнери.

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

– Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранимир ЈовановиќБританијазаеминвестициистратешко партнерство
Next Post

Роналдо има намера да игра уште најмалку две сезони

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

October 10, 2025

Мачадо по Нобеловата награда: Слободата за Венецуелците е на дофат

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk