Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, продолжува да ги дели Албанците на „добри“ и „лоши“, оваа реторика сè повеќе ги иритира Албанците кои се втора по големина заедница во земјава.
Во своите последни јавни настапи тој повторно се впушти во опасна реторика на поделби и дискриминација, овојпат насочена кон Албанците.
Наместо да се фокусира на реформите што ги вети, на приближувањето кон ЕУ, економската стабилност и почитувањето на етничката рамнотежа, Мицкоски продолжува со националистичката агенда која има за цел да создаде покорни, послушни, тивки и украсни Албанци.
– Демократската унија за интеграција предупредува дека оваа реторика не само што е опасна, туку веќе дава спротивен ефект: ги обединува Албанците, ги зближува дури и најголемите политички противници околу една заедничка цел, заштита на достоинството, политичка автономија и иднината на албанската заедница во државата, велат од ДУИ.
Универзитетскиот професор Башким Селмани вели дека историјата докажува дека секој македонски премиер, по независност на Македонија, никогаш не ги почитувале граѓаните воопшто, и да ги почитуваат како граѓани што ја плаќат секоја такса.
– И овај премиер изгледа не сака да се одалечи од таа „модерна“ политика и да се почитуваат сите граѓани со обврски и права кои ги создава Уставот. Одредени работи кои патуваат на национализмот ги влошуваат меѓуетнички односи. Ние сме и сами сведоци и видовме што заработавме од тоа, и пак изгледа менталитетот не сака да се промени. Секој премиер, секој министер, секој службеник мора да почитува етика, морал и геологија на комуникација во јавност, само тогаш ќе докажува дека Македонија е зрела за Европска Унија. Нормално дека Европската Унија, меѓу редови ги чита и одредени слабости на Македонија, а најмалку им треба лоши меѓунационални односи, анализира за Фронтлајн, професорот Селмани.
Ние сме, додава тој, најсиромашни граѓани во Балканот, од јавниот долк, и јавниот долг го создавале само политичките партии.
– Ова односување е алиби за да се покриват крупните проблеми и долгови на државата. Денска патриотизам е да ѝ даваш на државата, да му даваш на службениците…, кога скоро сите граѓани имаат кредит и треба да ги намалува и да ги помогнат, властите се занимаваат со непотребни теми, подвлече тој.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети го повика премиерот Христијан Мицкоски да не ги загрозува основите на соживотот, барајќи од него да објасни зошто го менува Законот за јазици, Охридскиот договор и ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста во државата.
Ахмети рече дека има обид да се поделат Албанците користејќи ја филозофијата на „чесниот Албанец“.
– Знаете ли кој ја користеше филозофијата на „чесни Албанци“? Милошевиќ! А кој и да ја промовира оваа идеја денес ја оживува логиката која Албанците ја победија со крв и жртви, изјавил Ахмети на средбата со жителите на Арачиново.
Дестан Јонузи