Руските напади низ украинските региони убија најмалку еден цивил и повредија најмалку 13 лица во текот на изминатиот ден, објавија регионалните власти на 20 мај, пренесува Кијив Индипендент.
Московските сили секојдневно спроведуваат воздушни напади, напади со беспилотни летала и артилериски напади врз украинските градови и села, редовно предизвикувајќи цивилни жртви.
Украинската воздушна одбрана пресретна 93 од 108-те дронови за напад од типот Шахед и беспилотни летала-мамки лансирани од Русија преку ноќ, соопштија воздухопловните сили. Триесет и пет од нив беа соборени, додека 58 беа неутрализирани од системи за електронско војување, според соопштението.
Во Донецката област, руските сили убија едно лице во Сиверск, а повредија три во Краматорск, две во Лиман и едно во Костјантинивка, објави гувернерот Вадим Филашкин.
Во Харкивската област, две жени на возраст од 45 и 73 години беа повредени за време на руски напад врз селото Старовиривка, според гувернерот Олех Синиехубов.
Пет цивили беа повредени за време на руските напади во Херсонската област, изјави регионалниот гувернер, Олександр Прокудин. Оштетени се висока зграда, седум куќи, кула за мобилни телефони, гаражи, автомобили и машини.
Руски беспилотни летала нападнаа погранични области на Сумската област преку ноќ, оштетувајќи цивилен објект во заедницата Билопилија и предизвикувајќи пожар, соопшти регионалната воена администрација. Нема пријавени жртви.
Како резултат на руското гранатирање рано на 20 мај, десет лица беа повредени во Херсон, објави Регионалното обвинителство на Херсон на Телеграм, пренесува Укринформ.
Според извештајот, околу 7:00 часот, руските вооружени сили започнаа напад врз цивилното население во Херсон користејќи беспилотно летало (дрон). Непријателот таргетираше јавен минибус што превезуваше патници. Петмина од нив беа повредени.
Д. Мишев / Цивил Медиа