ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Стратешките партнерства не се замена за членството во ЕУ

May 21, 2025 08:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство (ОК) како и претходно-потпишаното со САД не се замена ниту спротивставени со членството на Северна Македонија во ЕУ.

Обете доаѓаат како утешна награда – партнерството со САД по дебаклот на Скопје во евроатланските интеграции 2008, со ОК по дебаклот со евроинтеграциите сега.

Затоа, да не паѓаме во стапицата што ВМРО-ДПМНЕ ја постави за да изнуди само предвидлива реакција од СДСМ „дајте информации за што ќе служи кредитното задолжување“.

Сите знаеме дека вака поставен – и британскиот ќе биде нов „унгарски“ кредит – без ефект по домашната економија, инфраструктура и стандард, доволен за еден месец медиумска помпа.

Едноставно, ако сметаме дека Стратешкото партнерство со ОК е корисно, но не и кредитното задолжување во ваков формат и намена – СДСМ може да го направи едноставното, а најпотребно решение – да поднесе уставен амандман за дополнување на Преамбулата.

Неговото донесување веднаш ни ги продолжува преговорите со ЕУ и Скопје го враќа во процесот со Тирана (и Подгорица).

И ни отвора нови фондови – повратни и бесповратни, секако, по поглавјата по кои преговараме и пошироко.

Впрочем стратешките партнерства и со ОК сега и со САД и Турција потпишани претходно – не се спротивставени на членството на Северна Македонија во ЕУ ниту членството во ЕУ ги поништува стратешките партнерства.

Секој кој сака суштински исчекор на нацијата, а не само расправа колку да се води расправа – знае дека таквиот амандман поднесен од СДСМ нужно ќе биде поддржан од ДУИ. А потоа – ајде нека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кажат „не“ за да бараат „креативни решенија“.

Во спротивно – идејата е само да се вреви по социјални мрежи и медиуми – и ништо повеќе.

Основата на стратешкото партнерство е во Договорот за партнерство, трговија и соработка со ОК потпишан од министерот за надворешни работи, Османи (односно од претходната влада).

Со оглед на тоа што имаме континуирана определба за стратешко партнерство на Северна Македонија со Обединетото Кралство, со деблокирањето на интеграциите само ќе расчистиме за тоа кој е за, а кој вистински против неразумно задолжување како ризик за обата партнери.

Парадоксално, деблокирањето на евроинтегративниот процес пред кредитното задолжување ќе овозможи:

– И оваа и следната Влада да нема потреба да не задолжува во ОК за она што бесповратно или по поповолни услови би го добила како кредитирање од ЕУ.

– За тоа време, употребата на кредитните средства од ОК за другите проекти ќе добие на интензитет, широчина на опфат на области, но и на поголема физибилност.

Кратка илустрација:

Ако здравствените реформи водат кон постигнувањето европски стандарди, изградбата на проектираните болници ќе може да користи европски средства паралелно со продолжувањето на преговорите со Брисел.

А проектот за брза пруга со британски наместо унгарско-српско-кинески средства ќе има време да биде проверен дали би бил исплатлив и, ако да, за колку време. Затоа што во моментот исплаќаме кинески кредит за делница од Е75, нели?

Но тоа ќе овозможи и координација на динамиката и приоритетите: изградбата на пругата и патиштата по коридорот 8 можат да се водат паралелно со рехабилитацијата и подобрувањето на железничката мрежа по коридорот 10, додека сериозно ќе се испита одржливоста на „брзата пруга“ и нејзината најдобра траса. За да не ја градиме како автопатот Кичево-Охрид…

Да се потсетиме и дека приоритетноста на коридорот 8 први ја потенцираа – британски генерали.

Мора да потсетуваме, затоа што партиите во Собранието не сакаат да се спомнува дека Северна Македонија има двојна (транспортно-логистичка) улога во регионот:

– и кон Источното крило на НАТО

– и кон пристапот на сојузниците кон Источниот Медитеран.

А ја избегнуваат темата затоа што:

– тоа моментално не е комплементарно со улогата на Србија во регионот, па

– сметаат дека Албанија нема да се поврзе железнички со Бугарија преку Косово и Србија и трасата целосно да ја заобиколи Северна Македонија ако ние не го комплетираме коридорот 8, оти

– не очекуваат Белград да ги остави „на цедило“ и без инструкции, во надеж дека,

– со стратешкото партнерство со Лондон ќе се претставуваат за (доволно) прозападни и конструктивни.

За да ги процениме националните интереси на Северна Македонија, а не на партиските врвови во Скопје и Белград, да се сетиме дека само малкумина „мрчатори“ и „небитни политичари“ пред неколку години предупредувавме дека Балтичкото и Егејското Море ќе се поврзат – заобиколувајќи не ако го игнорираме коридорот 8.

Затоа, еве ви одржливо решение.

Освен ако не сте должни да ги поддржувате само „креативните решенија“ на Мицкоски.


Текстот е личен став на Авторот
Tags: Ивон величковскистратешко партнерство
Next Post

Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка, Сиљановска го знаела името но не го кажува

НАЈНОВО

Скриншот

Франција го ослободи Павел Дуров од надзор и забрана за патување

November 14, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Ја започнуваме операцијата „Јужно копје“ за да се „исчисти земјата од наркотерористи“

November 14, 2025
Скриншот

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk